Достапни линкови

Туск - Духот на распаѓање ја прогонува Европа


Туск: утописки илузии за обединета Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Туск: утописки илузии за обединета Европа

Лидерите на Европската унија со промовирање утописки „илузии“ за обединета Европа го загубија контактот со нивните народи. Ова го оцени претседателот на Eвропскиот совет Доналд Туск, додавајќи дека тиа на ваков начин ризикуваат да загубат од популистите евроскептици кои се против Унијата.

Туск, кој ќе претседава на состанокот на лидерите на Европската унија во наредниот месец и тоа откако Британија ќе гласа дали да ја напушти Унијата или не, ова го оцени во говорот во Луксембург пред колегите од конзервативните партии од земјите во Унијата, вклучувајќи и многу поддржувачи на пофедерална Европа.

„Тоа ние денес сме одговорни да се соочиме со сите видови на утопии. Утопија за Европа без национални држави, утопија за Европа без спротивставени интереси и амбиции“, рече поранешниот полски премиер, додавајќи:

„Не успеавме да забележиме дека обичните луѓе, граѓаните на Европа, не го делат нашиот евро ентузијазам. Разочарани од големите визии за иднината, тие бараат да се справиме со новата реалност, подобро отколку што тоа го правевме досега. Денес, евроскептицизмот, па дури и европесимизмот, станаа алтернатива на овие илузии“, додаде Туск.

Голем дел од британската кампања за напуштање на Европската унија на референдумот на 23 јуни е фокусиран врз стравувањата од поголема интеграција на сметка на националниот суверенитет.

Не успеавме да забележиме дека обичните луѓе, граѓаните на Европа, не го делат нашиот евро ентузијазам. Разочарани од големите визии за иднината, тие бараат да се справиме со новата реалност, подобро отколку што тоа го правевме досега.

Доналд Туск, претседател на Европскиот совет

Ваквата загриженост е силна и во Полска, татковината на Туск, каде што неговата централно десничарска партија во минатата година ја загуби власта од десничарските евроскептични противници.

Туск експлицитнио не го спомна таканаречениот „брегзит“ во неговиот говор во Луксембург.

На состанокот на Европската народна партија, најголема алијанса во Европскиот паралмент присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Сепак, Туск, кој долго време ги брани правата на државите против централните сили во Брисел, смета дека евентуалното британско заминување ќе биде голем ризик за Европската унија.

Тој ги повика лидерите да ја променат тактиката на конфронтација со антиевропските сили, кои вклучуваат силни движења во Франција, Холандија, Унгарија и во неколку други земји.

„Духот на распаѓање ја прогонува Европа“, рече додавајќи:

„Но, визијата за федерација не ми се чини како најдобар одговор за тоа“, рече тој.

Во меѓувреме, во Британија политичките противници на дваесетина дена пред референдумот ја интензивираа нивната кампања.

Во Лондон, конзервативниот премиер Дејвид Камерон и новоизбраниот градоначалник на Лондон, лабуристот Садик Кан ги здружија силите, агитирајќи за останување на земјата во европскиот блок.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека за останување на Британија во Унијата се околу 51 насто од испитаниците, што е за пет проценти повеќе од оние што сакаат Британија да излезе од Унијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG