Достапни линкови

Фејсбук: не сме политички пристрасни


Фејсбук отфрла дека е политички пристрасен
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Фејсбук отфрла дека е политички пристрасен

Генералниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, најави состанок со проминентни конзервативци на разговор за извештаите дека оваа социјална мрежа била политички пристрастна односно дека помалку објавувала содржини за нив во вестите кои се појавуваат во рубриката „Актуелни теми“. Закерберг вели дека нема вистина во овие наводи.

Фејсбук веќе објави детали за тоа како работи нејзината функција „Теми во тренд“ како одговор на обвинувањата објавени во технолошкиот блог „Гизмодо“.

Имено, во минатата недела неименуван поранешен вработен во Фејсбук изјавил дека Фејсбук намерно им давал помалку значење на текстовите кои се однесуваат на американските конзервативци.

Фејсбук го демантира извештајот кој, како што се наведува, се базирал врз еден анонимен извор.

Закерберг соопшти дека компанијата ги испитува таквите тврдења, но оти не се најдени докази за нивна поткрепа.

„Ако најдеме нешто спротивно на нашите принципи, ви давам збор дека ќе преземе дополнителни чекори да го решиме тоа“, напиша Закерберг.

Во демантот се прецизира дека компанијата низ проверка на софтверот и на вработените обезбедува вестите кои се појавуваат во секцијата „Актуелни теми“ да не бидат пристрасни.

Сакам директно да разговарам за тоа за што Фејсбук се залага и како можеме да обезбедиме нашата платформа да остане колку што е можно поотворена
Марк Закерберг, генерален директор на Фејсбук

Притоа е додаден интерен документ од 28 страници со кој Фејсбук се раководи што ќе биде објавено во „Теми во тренд“.

Според потпретседателот за глобални операции Џастин Ософски, овие насоки обезбедуваат текстовите во оваа секција да бидат најважните популарни приказни без оглед на кој политички спектар му припаѓаат.

Закерберг повтори дека социјалната мрежа го застапува ставот дека сите треба да имаат глас и оти планира да разговара со водечки конезрвативци.

„Сакам директно да разговарам за тоа за што Фејсбук се залага и како можеме да обезбедиме нашата платформа да остане колку што е можно поотворена“, вели Закерберг.

Фејсбук не наведува колку луѓе работат во рубриката „Теми во тренд“. Но, британскиот весник „Гардијан“ објави дека тимот не брои повеќе од 12 луѓе.

„Станува збор за приватна фирма и јас го поддржувам нејзиното право да работи без мешање од владата. Би било извноредно доколку Фејсбук независно избере слободата на говорот да биде принцип на фирмата“, изјави поранешниот водел на Фокс њуз Глен Бек.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст запрашан за контроверзите околу Фејсбук изрази задоволство од тоа што оваа социјална мрежа демантира оти била ангажирана во сомнителни активности.

Фејсбук кој одамна не е платформа во која се објавуваат слики на домашни миленичиња и за размена на хоби искуства, се повеќе прераснува во важен извор на вести.

На Фејсбук секој ден има по милијарда активни корисници. Скоро две третини од нив, добиваат вести преку оваа социјална мрежа.

Најновите испитувања покажаа дека тие за претседателската трка во Соединетите Држави главно се информирале преку Фејсбук.

Оваа компанија во моментов е проценета на 350 милијарди долари. Фејсбук излезе и со нови функции со цел да го зголеми мобилното рекламирање.

Некои од нив треба да ги поттикне фирмите од сегашните телевизиски реклами да преминат на Фејсбук. Тоа, според познавачите, треба дополнителни да ја зголеми вредноста на компанијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG