Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД постојано изразуваат загриженост за „сајбер-кражбите“ во кои се вклучени високи претставници на кинеските власти, вклучително и на војската.
„Ние постојано им ја повторуваме на највисоко ниво на кинеските преставници нашата загриженост за сајбер кражбите во кои е вклучена и војската и ќе продолжиме да го правиме тоа. Станува збор за голем предизвик.“
Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли како неосновани обвинувањата за вклученост на владата во хакирањето. Портпаролот Хонг Леи изјави дека во 2012 странски хакери користеле вируси и други софтвери за да преземат контрола врз 1400 компјутери во Кина и 30 илјади веб страници.
„Кина остро се противи на хакирањето. Ние имаме применето релевантни закони и прифатено стриктни мерки за тоа да го спречиме. Кина исто така, е жртва на сајбер нападите.“
Портпаролот Хонг Леи додаде дека токму Кина била голема жртва на хакирањето и дека повеќето сајбер-напади врз кинески сајтови потекнуваат од САД.
До овие последни препукувањата дојде откако компанијата Епл соопшти дека неодамна била нападната од хакери кои ги заразиле Мекинтош компјутерите на неколку вработени преку кои се заразиле и некои корисници. Епл соопшти дека податоци не се украдени.
Засега нема јасни докази за тоа кој стои зад нападот. Соопштението на кинеското министерство инаку доаѓа и по извештајот на американската компанија за безбедност Мундиант, која објави дека кинеска воена единица во Шангај е поврзана со серијата сајбер напади врз американски владини корпорации и медиумски компани како Нујорк Тајмс, Вол Стрит Журнал, Фејсбук и Твитер.
Постојано им ја повторуваме на највисоко ниво на кинеските преставници нашата загриженост за сајбер кражбите.Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.
Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли како неосновани обвинувањата за вклученост на владата во хакирањето. Портпаролот Хонг Леи изјави дека во 2012 странски хакери користеле вируси и други софтвери за да преземат контрола врз 1400 компјутери во Кина и 30 илјади веб страници.
„Кина остро се противи на хакирањето. Ние имаме применето релевантни закони и прифатено стриктни мерки за тоа да го спречиме. Кина исто така, е жртва на сајбер нападите.“
Имаме применето релевантни закони и прифатено стриктни мерки за тоа да го спречиме. Кина исто така, е жртва на сајбер нападите.Хонг Леи, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.