Достапни линкови

Прв хуманитарен самит, големи надежи, мали очекувања


Во Истанбул прв Светски хуманитарен самит
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Во Истанбул прв Светски хуманитарен самит

Турција е домаќин на првиот досега Светски хуманитарен самит, спонзориран од ОН со цел како подобро да се одговори на глобалните кризи. Околу 60 лидери на дводневниот состанок ќе разговараат за начините за да им се помогне на луѓето кои се погодени од конфликти и катастрофи.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун оцени дека светот се наоѓа во најлоша хуманитарна ситуација од Втората светска војна.

Околу 60 милиони луѓе се расселени низ светот, а околу 125 милиони имаат потреба од помош и заштита.

На собирот на кој учествуваат и претставници на цивилни организации и на приватниот сектор главни цели се: мобилизирање на финансиските средства и постигнување согласност меѓу лидерите за прашањата како справувањето со расселените лица со почитување на меѓунродното хуманитарно право.

Меѓутоа, организацијата „Доктори без граници“ која го откажа учеството на собирот во Истанбул соопшти дека ја губи надежта дека ваков вид на средби би можело да придонесат за подобрување на состојбата.

Во еден ваков широк состав навистина е тешко да се дојде до прецизни заложби.
Иван Зержановски, координатор на УНДП

Од таму велат дека не можат да видат како самитот би можело да им помогне на луѓето или на медицинските работници кои се соочуваат со насислтва во Сирија, Јемен, Јужен Судан, со мигранти блокирани на границите на Јордан, Турција, Македонија, или со бегалци кои се обидуваат да најдат заштита во другите делови на светот.

На собирот во Истанбул има околу 6 илјади учесници од 150 членки на Обединетите нации, вклучувајќи и шеесетина шефови на држави или влади.

„Во еден ваков широк состав навистина е тешко да се дојде до прецизни заложби“, вели Иван Зержановски, координатор на Програмата на Обединетите нации за развој.

Тој сепак додава дека целта на самитот во Истанбул е да ги постави условите за промени и да обезбеди рамка за конкретни мерки.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на собирот. Официјална Москва соопшти дека Русија се сомнева во она што ќе може да се постигне на самитот и оти земјите членки на Обединетите нации нема да го испочитуваат договореното.

Во меѓувреме, вториот човек на Светската организација Јан Елијасон изјави дека е неопходно да се застане во одбрана на меѓународното хуманитарно право.

Тој потсетувајќи на напади врз болници и на, како што рече, „средовековни опсади на цивили во Сирија и Јемен, оцени дека ова право е се повеќе занемарувано.

„Ние треба да застанеме во одбрана на меѓународното хуманитарно право. Видовме распад и непочитување на меѓународното право што прави огромна штета во светот“, рече Елијасон во Истанбул.

Тој изразувајќи восхит за „Доктори без граници“, сепак изрази изненаденост што оваа организација се откажа од самитот и надеж дека нејзиното раководство ќе види дека оваа конференција ја постигнала својата цел.

Коментаторите очекуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го искористи самитот за да го нагласи придонесот на неговата земја која досега има примено над 2 милиони и 700 илјади бегалци од Сирија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG