Во Истанбул прв Светски хуманитарен самит
Турција е домаќин на првиот досега Светски хуманитарен самит, собир спонзориран од Обединетите нации со цел како подобро да се одговори на глобалните кризи. Околу 60 лидери на дводневниот состанок ќе разговараат за начините за да им се помогне на луѓето кои се погодени од конфликти и катастрофи.