Достапни линкови

Трамп - Ќе ја истресам ’рѓата од надворешната политика


Трамп ветува подобри односи со Русија и Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Трамп ветува подобри односи со Русија и Кина

Доналд Трамп, водечкиот кандидат на Републиканската партија за претседателската трка, изјави дека, ако биде избран за претседател, ќе работи на подобрување на односите со Русија и Кина. Во говорот посветен на неговата надворешна политика, тој рече дека сојузниците на САД мора повеќе да трошат за својата одбрана.

Според Трамп, можно е намалување на сегашните тензии со Москва и од, како што рече, „позиција на сила“, но и врз основа на „заеднички интереси“.

„Здравиот разум вели дека овој ужасен циклус на непријателство мора да заврши и идеално е тоа да биде порано отколку подоцна“, изјави Трамп пред рускиот амбасадор во Соединетите Држави, Сергеј Кислијак кој седеше во првиот ред за време на говорот на Трамп во еден хотел во Вашингтон.

Трамп кој надворешната политика на претседателот Барак Обама ја оцени како „тотална катастрофа“ рече дека Вашингтон и Москва имаат заеднички интерес, меѓу другото и во борбата против „исламскиот тероризам“.

Рускиот амбасадор Кислијак одби за Радио Слободна Европа да ги коментира изјавите на Трамп за Русија.

Ние одевме од грешка во грешка во Ирак, Египет, Либија, во Сирија. Секоја од овие акции помогна да се фрли регионот во хаос и им даде простор на милитантите на Исламската држава да напредуваат. Се започна со опасната идеја дека ние можеме да направиме западни демократии во земјите кои немаат искуство или интерес да станат западна демократија.
Доналд Трамп, водечки кандидат на Републиканата партија за претседател на САД

Доналд Трамп ги критикуваше американските сојузници, бидејќи не го носат нивниот дел од товарот што се однесува до безбедноста и затоа Вашингтон би требало или да бара НАТО членките повеќе да трошат за таа намена или да ги пушти да се бранат сами.

Ако биде избран за претседател тој најави дека ќе разговара за подобрување на улогата на НАТО за која претходно изјави дека има „застарена мисија“.

„Спречувањето на ширењето на радикалниот исламизам мора да биде главна цел на надворешната политика на Соединетите Држави и на целиот свет“, рече Трамп.

Тој ја обвини политиката на администрацијата на Барак Обама за тоа што го претвори Иран во „голема сила за кратко време“.

Трамп оцени дека сегашните проблеми на Блискиот Исток биле последица на погрешниот концепт дека Соединетите Држави би можеле да воведат демократија во тие земји.

„Ние одевме од грешка во грешка во Ирак, Египет, Либија, во Сирија. Секоја од овие акции помогна да се фрли регионот во хаос и им даде простор на милитантите на Исламската држава да напредуваат. Се започна со опасната идеја дека ние можеме да направиме западни демократии во земјите кои немаат искуство или интерес да станат западна демократија “, рече Трамп.

Белата куќа веднаш ги отфрли неговите тврдења дека политиката на претседателот Обама ја постави американската надворешна политика на погрешен пат.

„Кога станува збор за сегашната надворешна политика на претседателот, не може да се негира дека САД се побезбедни и посилни отколку што беа кога претседателот Обама ја презеде функцијата во јануари 2009 година“, рече портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

69-годишниот Доналд Трамп во трката за републикански претседателски кандидат има голема предност пред неговите ривали сенаторот од Тексас, Тед Круз, и гувернерот на Охајо Џон Кејсиќ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG