Достапни линкови

Трамп и Клинтон водат, Обама критикува


Трамп и Клинтон водат, Обама критикува
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Трамп и Клинтон водат, Обама критикува

Републиканецот Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон победија на партиските избори во неколку сојузни држави во еден од најтешките денови на гласањето за кандидати за трката за иден претседател на САД познат како „Супер вторник два“. Во меѓувреме, претседателот Барак Обама ја критикуваше кампањата.

Екс државниот секретар Клинтон го победи нејзиниот ривал Берни Сандерс во Флорида, Северна Каролина и Охајо.

Говорејќи во Северна Каролина таа изјави дека се поголем број луѓе ја поддржуваат со што се доближува се поблиску да биде претседателски кандидат на демократите.

Ако го оствари тоа таа ќе биде првата жена во американската историја со таква номинација.

Милијардерот Трамп пак извојува лесна победа над Марко Рубио во Флорида од каде што е Рубио со што ги обезбеди сите 99 делегати за партиската конвенција во јули годинава.

Трамп победи и во Северна Каролина и Илиноис.

Со победите во овие три држави Трамп обезбеди уште најмалку 159 делегати и сега има 619.

Овој циклус не е вистински одраз на Америка и мора да престане. И јас не го велам ова, бидејќи тоа е само прашање на политичка коректност. Станува збор за начинот на кој ваквото корозивно однесување може да ја поткопа нашата демократија и нашето општество, па дури и нашата економиј.
Барак Обама, претседател на САД

Неговиот најлут ривал Тед Круз има 394 делегати за партиската конвенција.На Трамп му се неопходни 1237 делегати за да биде номиниран и се уште е далеку од остварувањето на таа цел.

Поразот во неговата Флорида го натера сенаторот Рубио, фаворит на републиканските лидери кои не го поддржуваат Трамп, да се откаже од трката.

Тој оцени дека силите на гневот и незадоволството од владата поттикнаа Трамп да прерасне во „цунами“ што ја поплавиобласта на ривалите.

„Ние требаше да видиме дека ова ќе се случи“, рече Рубио.

Од друга страна вториот ривал на Трамп гувернерот на Охајо Џон Кејсиќ успеа да победи во неговата држава и ги одржа надежите меѓу опонентите на Трамп дека можат да го запрат неговиот поход кон Белата куќа.

Во меѓувреме, претседателот Барак Обама ги повика кандидатите кои борат да го сменат на таа функција да се воздржат од вулгарни и насилни испади за време на кампањата, потсетувајќи ги дека „светот“ гледа.

„Некои можеби се повеќе виновни од другите за сегашната клима, но ако погледнеме наназад сите сме одговорни. Овој циклус не е вистински одраз на Америка и мора да престане. И јас не го велам ова, бидејќи тоа е само прашање на политичка коректност. Станува збор за начинот на кој ваквото корозивно однесување може да ја поткопа нашата демократија и нашето општество, па дури и нашата економија“, изјави Обама.

Без да спомене со име некој од кандидати, Обама потсетидека многу настани во кампања биле одбележани со тепачки, турканици и напори да се понижат ставовите на противниците.

Доналд Трамп беше критикуван поради одбивањето да ја преземе одговорноста за судирите во неговата кампања, како и за тоа дека промовира насилство и отровна реториката против Латино американците, муслиманите и жените.

И спикерот на Претставничкиот дом републиканецот Пол Рајан побара од кандидатите да не поттикнуваат насилство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG