Гневот на демонстрантите, кои протестираат против политичките помилувања, се излеа во боја врз спомениците од контроверзниот проект Скопје 2014. Црвена боја беше истурена во фонтаната под споменикот Воин на коњ, за, како што велат, да биде „црвена во име на сите жртви на режимот“. Боја и јајца беа фрлани и кон Триумфалната капија, а на неколку споменици беа испишани графити. Работници денеска ги чистат прозорците на Министерството за култура, кое вчера беше мета на демонстрантите.
Откако во петокот Трумфалната капија беше гаѓана со боја, работниците во саботата ја исчистија, но вечерта повторно беше испрскана. Се чини дека чистењето ќе почека помирни времиња.
Откако во петокот Трумфалната капија беше гаѓана со боја, работниците во саботата ја исчистија, но вечерта повторно беше испрскана. Се чини дека чистењето ќе почека помирни времиња.