Достапни линкови

Чистење на Триумфалната капија по протестите

Работници денеска ја чистат Триумфалната порта во центарот на Скопје, откако анти-владините демонстранти синоќа ја гаѓаа со боја, а испишаа и графит „Грабеж“. Откако на демонстрантите, не им беше дозволено да протестираат пред Собранието, тие фрлаа со боја кон Портата, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, по што го продолжија протестот пред владата.

Протестот е во организација на движењето Протестирам. Тие се противат на политичките помилувања од претседателот Ѓорге Иванов и бараат негова оставка, одложување на изборите закажани за 5 јуни и почнување на процес за избор на експертска влада која ќе го подготви теренот за фер избори.

Протестите траат четири дена, а за вечерва се најавени нови.

Категории

XS
SM
MD
LG