Достапни линкови

Протестите продолжуваат - Илјадници граѓани на улиците


Тензии меѓу демонстрантите и полицијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Тензии меѓу демонстрантите и полицијата

Неколку илјади граѓани повторно, по седми пат, излегоа на улиците на Скопје во знак на протест на политичките помилувања. Протести има и во други градови во Македонија, се организираат и контра-протести на поддржувачи на власта.

Полицијата вечерва не им дозволуваше пристап на илјадниците демонстранти до зградата на ЕУ-Инфо центарот, каде тие дојдоа за да порачаат дека не сакаат преговори на партиите. Тие се обидуваа да ја истуркаат полицијата и извикуваа „Слобода“ и „Доста е“. Претходно демонстрантите поминаа под Триумфалната капија, пред Собранието на Македонија и пред зградата на Владата, а дел од нив фрлаа со пластични шишиња и со боја кон Министерството за правда. Тие употребија помалку боја од претходните протести, кога ја „боеја“ Триумфалната капија, а беше фрлен детергент и во фонтаната на споменикот Воин на коњ.

Граѓаните протестираат против политиките на владата и против избори на 5 јуни, тие се против аболицијата на политичари кои се поврзани со прислушувањата и бараат оставка од претседателот Иванов, но исто така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат в петок во Виена.

Протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа пред просториите на СЈО во знак на поддршка на обвинителите.

Граѓаните протестираат против политиките на владата и против избори на 5 јуни, тие се против аболицијата на политичари кои се поврзани со прислушувањата и бараат оставка од претседателот Иванов, но исто така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат в петок во Виена.

Протести има и во Битола, каде се бара оставка и од градоначалникот Владимир Талески, но се одржуваат и контра протести. Протести се одржуваат и Велес, Штип, Струмица, Кочани, Прилеп и во Куманово.

Министерството за внатрешни работи апелираше да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат, да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен и да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја чува безбедноста и стабилноста. МВР апелира до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност.

Протестите се одржуваат втора недела по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за прекин на сите постапки поведени против политичари кои се поврзани со прислушувањата и политичката криза.

Инаку, Европската унија за в петок ги покани лидерите на четирите најголеми македонски партии на преговори во Виена, со цел договорот од Пржино да се спроведе до крај. ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува на оваа средба, додека од СДСМ рекоа дека ќе се консултираат со граѓанскиот сектор.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG