Триумфалната порта во Скопје, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, два дена стои испрскана со боја и ишарана со графити, откако демонстрантите, кои се противат на политичките помилувања, во саботата повторно ја гаѓаа со боја и со јајца.
Портата Македонија, чија изградба чинеше 6,2 милиони евра, беше испрскана со боја и на протестите во петокот, но работниците веднаш во саботата ја исчистија.