Стариот дел од Тетово, со препознатливата народна архитектура, сè повеќе го губи препознатливиот белег, а воедно инфраструктурно заостанува зад останатите градски населби. Жителите велат тука најмногу се чувствува негрижата на институциите поради долгогодишните проблеми со дупки и смет на улиците како и недостиг на вода за пиење.
Професор Ивица Зориќ кој со децении живее и работи токму во стариот дел од градот, вели дека посетителите од другите градови наидуваат на лоша слика, иако во населбата Два Бреста има повеќе установи, цркви, музеи и други објекти.
„Стариот дел од Тетово во минатото бил симбол. За жал, инфраструктурната мрежа во овој дел од градот не е на ниво на кое што би требало. Комуналната хигиена не може да биде запазена и на ниво кое го сакаме сите, улиците во стариот дел на градот не се чистат. Единствено гледаме има ангажирање во централниот дел на градот. Тоа го прават интензивно, но во овој дел од градот многу малку. Ѓубрето се зема еднаш неделно. Во нормални услови мислам дека тоа е малку, оти ако се собира еднаш неделно се насобираѓубрето. И што правиме ние во стариот дел на градот? Ѓубрето луѓето си го носат долу“, вели тој.
Исто така сè повеќе во населбите Два Бреста, Поток и Колтук ги снемува куќите со традиционална народна архитектура.
„Трагедијата е во тоа што Тетово и покрај тоа што е урбана населба кој датира многу поодамна со сите белези на една урбана населба не го зачува она што минатото ни го остави. Благодарение на тоа што градските татковци во минатото, а и денес не знам колку посветуваат внимание на тоа што е вредно, што треба да се зачува, што е традиција, што е богатство“, вели Зориќ.
Доколку постои волја кај институциите и на сопственциите како и финансиски можностистароградската архитектрура може да се обнови со новите материјали, вели архитектот Богосав Божиновски
„Најголем дел од тие традиционални објекти кои го карактеризираат Тетово веќе ги нема. Кога јас студирав се уште имаше доста објекти. Ние од факултетот имавме посебен предмет каде се изучуваше народната архитектура и одевме и ги снимавме по сите градови низ Македонија. Таа документација јас колку што знам се уште постои на Архитектонскиот факултет во Скопје. Документација која што може да помогне доколку дојде до ревитализација на одредени делови од градот каде ќе се изврши реконструкција на поодделни објекти, карактеристични објекти“, смета Божиновски.
Старите градби може да се зачуваат по иницијатива на сопствениците, но и со одлука нанационалниот конзерватскоркси центар. Од таму преку соопштение не информираа дека не се предвидени објекти за реконструкција во овие три населби, туку обнова на фасадите на две згради на старото медицинско училиште и Архивот кои се наоѓаат во централното градско подрачје.