Достапни линкови

Меџити - Ако може цела зоолошка, зошто не и еден двоглав орел?


Меџити - Каде цела зоолошка, таму и еден двоглав орел
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:09 0:00

Меџити - Каде цела зоолошка, таму и еден двоглав орел

Ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Меџити, двоглавиот орел поставен во Чаир и темелите на новиот крст во Бутел го отворија прашањето - Дали е тоа подготовка за предвремените избори или се соочувате со несогласувања во коалицијата?

Прво, не може да биде двоглавиот орел како претекст за тоа што е преземено во Бутел и преку ноќ донесената таква одлука, бидејќи овој симбол не е донесен за инает кон другите, туку за вреднување на симболот на Албанците и се базира на одлука донесена од програмата во 2012, а како посебна одлука во 2015 година, почитувајќи го принципот на Бадентер. Второ, ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај. Не може да се поставува таква паралела и квантитативно ако се гледа, бидејќи се поставени стотина споменици од другата страна, каде реално еден Македонец и не ги познава повеќето од нив кои се и што се. А во Чаир во овие десет години ги поставивме Скендер-бег, Хасан Приштина и двоглавиот орел. Ни квалитативно, ни квантитативно не може да се воспостави таква паралела или да биде претекст за поставување крст. И во однос на крстот, и да беше одговор на двоглавиот орел, логично беше таму да се постави лав или некој етнички симбол на Македонците. Наш став е дека не смеат да се злоупотребуваат верските симболи за дневна политика. Но, ризично прашање е и нема сила за да нè упати ние да влеземе во таква игра и да возвратиме со минариња или друго. Бидејќи Албанците припаѓаат на три верски заедници. Ние цениме дека минарето треба да биде до џамија, а крстот над црква или манастир. Не е место на крстот или на минарето на сред крстосница или на улица.

Очекувате ли дека овој настан може ад ескалира и да донесе и подлабоки внатрекоалициски кризи доколку двоглавиот орел се процени дека не е поставен согласно законот, и во Сарај се најавува поставување сличен споменик, а најавено е и референдумско изјаснување за крстот?

Ако го сфаќаат ова, искрено треба да рефлектира другата страна, да анализира и да дебатира во своите кругови, бидејќи аргументите се на наша страна и ние ги искористуваме сите демократски принципи и методи за да оспориме една нелегална и нелегитимна одлука.

Не мислите ли дека со овие чекори не само што ќе предизвикате проблеми во коалицијата, туку ќе предизвикате и меѓуетнички вознемирувања, бидејќи се знае дека граѓаните се најлесно ранливи кога станува збор за верски и национални симболи?

Ние не правиме ништо друго освен што искористуваме демократски методи кои се преземени од европските земји. Ние само го креваме нашиот глас, протестираме против нелегитимна одлука која во иднина ќе предизвика кризи и провокации.

Но, во јавноста преовладува мислењето дека тоа е политичка игра која не случајно се одвива пред изборите, со оглед дека во релаксирана атмосфера претходно се остварија цели проекти - Скопје 2014, се гради нов плоштад Скендер-бег, а на Бит-пазар пред Полициската станица има двоглав орел кој тивко беше поставен. Зошто сега не се договоривте за два споменика?

Добро е што посочивте еден пример. Пред две години имаше поставено орел пред полициската станица Бит Пазар и немаше контра реакција од другата страна како сега. Треба кај нив да го барате одговорот зошто сега реагираат на таков начин.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG