Достапни линкови

Парите од задолжувањата за предизборна корупција


Во сите изборни години во првите три до четири месеци се истураат парите во трансфери, плаќања кон компании и слично што покажува класична изборна корупција, вели дополнителниот министер Кире Наумов.

Темпото на задолжување со кое Владата ја почна годинава е страшно и укажува дека долгот ќе расте ако не се смени оваа влада и ќе не однесе во дефинитивно должничко ропство, вели дополнителен заменик министерот за финансии Кире Наумов во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе биде објавено в недела. Тој објаснува дека само во првите две недели во јануари со 28 милиони евра е направено екстра ново задолжување со кое 10 проценти од дефицитот планиран за цела година е позајмен од домашните инвеститори.

Во сите изборни години во првите три до четири месеци се истураат парите во трансфери, плаќања кон компании и слично што покажува класична изборна корупција и во првите месеци се испумпува некаде од 60 до 70 проценти од целиот дефицит. Тоа покажува дека ваквото задолжување има за единствена цел, а тоа е како да влијаат врз изборите.
Кире Наумов, дополнителен заменик министерот за финансии.

Наумов посочува дека е очигледно оти парите од задолжување ќе бидат искористени за предизборна корупција.

„Во сите изборни години во првите три до четири месеци се истураат парите во трансфери, плаќања кон компании и слично што покажува класична изборна корупција и во првите месеци се испумпува некаде од 60 до 70 проценти од целиот дефицит. Тоа покажува дека ваквото задолжување има за единствена цел, а тоа е како да влијаат врз изборите“, вели Наумов.

Според календарот за аукции на државни хартии од вредност за првите шест месеци од годинава, само во предизборните месеци март и април се закажани девет аукции, а може да се забележи дека дел од нив не се проследени со раздолжувања. Во предизборните месеци се закажани аукции за скоро сите вторници, особено во март кога има 5 аукции.

Наумов вели дека доказите за изборна корупција не може да се бараат во министерството за финансии затоа што негова надлежност е да го направи трансферот по налозите од другите министерства.

„Кога ќе кажеме изборна корупција тоа не значи дека во министерството за финансии ќе најдете документ со кој се кажува дека на тие и тие гласачи сте им платиле за нешто. Но самиот факт дека пред избори ги одложувате своите плаќања, и потоа им кажувате отворено на компаниите и оние кои треба да ги добијат своите трансфери од средства по било кој основ дека исплатите треба да ги добијат своите трансфери од средства им кажувате дека исплатите ќе следуваат во февруари, март, април точно пред изборниот период , тоа е де факто корумпирање на гласачкото тело“, вели Наумов.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека е невозможно превенирање на изборната корупција со сегашната владејачка гарнитура, а нејзино докажување е можно само со промена на власта.

„Како една чистачка која секој ден ви го чисти станот, и кога го пика ѓубрето под тепихот , ако не ја смените чистачката ќе го откриете ли скриеното ѓубре? Тоа се открива само кога ќе ја смените чистачката.“

Покачувањето на плати, зголемување на пензии, вработување на луѓе кои до сега биле со некаков привремен договор, акции за млади брачни парови се само дел од мерките кои се користат во предизборието за корумпирање на гласачите вели Витанов. Тоа е егоцентрично владеење со кое се придобиваат поединци за да се остане на власт кое нема никаква заедничка точка со системско макроекономско делување што би стимулирало развој.

„А од друга страна опозицијата нема интерес за тоа да зборува затоа што желба на опозицијата не е да го исправи тоа, туку да не го прави ВМРО тоа туку да го прави СДСМ. Мислам дека Македонија е во еден сериозен вртлог од кој што нема назад додека навистина не го допреме дното, додека навистина не банкротираме, додека навистина нема друг избор“, вели Витанов.

Тој додава дека полулегалното придобивање на гласови е практика на сите политичари во изминативе 25 години.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG