Достапни линкови

САД: Случајот Литвиненко, слика на руската политика


САД: случајот Литвиненко, слика на руската политика
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

САД: случајот Литвиненко, слика на руската политика

Белата куќа оцени дека извештајот од британската истрага во кој се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин го одобрил убиството на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко ја покажува политичката состојба во Русија. Тој бил отруен со радиоактивен полониум 210 во Лондон во 2006 година.

Политичката ситуација која во моментов постои во Русија, барем во некои случаи, се шири и надвор од границите на таа земја. Внатре во Русија, ќе видиме дека критичарите и политичките противници на руската влада, често пати се предмет на закани, заплашување, а во некои случаи и убивани.

Ова го изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст по објавувањето на извештајот од истрагата што ја водеше британскиот судија Роберт Овен, додавајќи:

Дмитри Ковтун и Андреј Луговој
Дмитри Ковтун и Андреј Луговој

„Знаете, оваа желба да не се почитуваат основните конвенции за човековите права и слободата на говорот и изразување на вашите политички ставови, е нешто поради што ние сме долго време загрижени за она што се случува во Русија“, вели тој.

Политичката ситуација која во моментов постои во Русија, барем во некои случаи, се шири и надвор од границите на таа земја. Внатре во Русија, ќе видиме дека критичарите и политичките противници на руската влада, често пати се предмет на закани, заплашување, а во некои случаи и убивани.
Џош Ернст, портпарол на Белата куќа.

Во извештајот на Овен се наведува дека агент на поранешната советска разузнавачка агенција КГБ Андреј Луговој и рускиот државјанин Дмитри Ковтун го извршиле убиството на Литвиненко како дел од операцијата наредена од руската Федерална безбедносна служба, која е наследник на КГБ.

Литвиненко беше голем критичар на Путин и по бегството од земјата шест години живееше во Лондон пред да биде отруен. Тој наводно испил чај лондонскиот хотел Милениум во кој имало редок и многу моќен радиоактивен изотоп.

Русија одби да соработува во истрагата, а официјален Лондон го обвини Кремљ за нецивилизирано однесување, но не најави дека ќе преземе некаква акција.

Случајот Литвиненко претставува уште еден удар врз и онака лошите британско руски односи поради руската анексија на Крим и поддршката за сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според посматрачите, британскиот одмерен одговор на наодите на истрагата за смртта на Литвиненко е своевидно признавање на неопходната соработка со Русија која има големо влијание врз Асад, а со тоа и врз најавените преговори за крај на војната во Сирија.

​Сликата на Литвиненко како лежи во болница во Лондон уште еднаш ги преплави британските и западните медиуми.

Таму, според тогашните извештаи, тој им рекол на детективите дека верува оти Путин, кој исто така порано беше агент на КГБ, директно ја наредил неговата смрт.

Кремљ постојано отфрла дека бил инволвиран, но наводите дека Путин директно го наредил убиството на својот опонент со радиоактивен изотоп веднаш беше цензурирани од Москва.

Судијата Овен изјави дека Литвиненко испил само три до четири голтки од чајот во кој имало полониум 210. Траги од оваа материја биле пронајдени во чајник во барот на хотелот и на други места во Лондон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG