Достапни линкови

Кремљ во војна против слободната мисла


Повеќето нови закони и кривични истраги против интелектуалци ги тераат жителите на Русија да констатираат дека Кремљ војува со слободната мисла. Новите законски решенија може негативно да се одразат врз слободниот дискурс, сметаат аналитичарите.

Навредата на нечии религиозни убедувања може да резултира со тужба, согласно законот кој неодамна стапи на сила, откако претседателот Владимир Путин го потпиша указот. Било каков критички коментар против одредени личности на социјалните мрежи може да е во спротивност со нејасните одредби на законот за клевета. Припадниците на ЛГБТ заедницата, исто така, треба да внимаваат на новиот закон со кој се забранува хомосексуална пропаганда.
Направија неверојатна работа. Сега може да ве обвинат за навреда на власта и подршка на непријателите. Ова наликува на ерата на Сталин и анти-советските закони, со тоа што формулациите се различни.
Виктор Красин, активист за човекови права.

Последната серија руски закони ги „олади” интелектуалците во земјата и согласно забелешките на Европската Kомисија, почна да создава клима на страв во Русија. Активистот за човекови права Виктор Красин вели дека во период од една година се појавиле серија закони од Думата според кои секој може да биде уапсен.

„Направија неверојатна работа. Сега може да ве обвинат за навреда на власта и подршка на непријателите. Ова наликува на ерата на Сталин и анти-советските закони, со тоа што формулациите се различни“, вели Красин.

​Во советската ера изворот на репресија беше тајната служба КГБ. Сега под власта на претседателот Путин, главен е Истражниот комитет на чело со Александар Бастрикин.
Сега сите мора да се плашат па дури и „инсајдерите“. Ако му се посветите на режимот, можете да кажете дека Путин ви е идол, но дури и тогаш нема да можете мирно да спиете.
Марат Гелман, уметник и критичар.

Во април економистот Сергеи Гуријев избега за Париз откако истажните органи наредија претрес на неговата канцеларија и електронската пошта. Се чини дека истрагата беше поттикната од експертската евалуација на Гуријев околу спорниот случај на Михаил Ходорковски, олигарх кој отслужува затворска казна.

Експерти кои се членови на Советот за човекови права, исто така, се под притисок од Истражниот комитет. На 24 јуни истражителите на Бастрикин ја повикаа на разговор Тамара Моршакова, поранешен претседател на Уставниот суд и еден од авторите на рускиот устав.

Проминентниот уметник и критичар Марат Гелман доби отказ од Музејот на современа уметност. Одлуката се чини произлегла од постановка на која било изложено сатирично дело во врска со олимписките игри во Сочи. Можно е Гелман да добие и тужба. Тој вели дека политичката клима во Русија се променила за време на третиот претседателски мандат на Путин и со промените на високи државни позиции.

„Сега сите мора да се плашат па дури и „инсајдерите“. Ако му се посветите на режимот, можете да кажете дека Путин ви е идол, но дури и тогаш нема да можете мирно да спиете“, вели уметникот.

Филмографијата е уште една сфера каде може да се почувствува анти-интелектуализмот на Кремљ. Во мај, Путин изјави дека државата ќе поддржува продукција на дела кои „инспирираат гордост во нацијата и историјата“. На 18-ти јуни министерот за култура Владимир Медински најави формирање на посебно тело кое ќе ги разгледува предлозите за филмска продукција и ќе одлучува кои сценарија финансиски ќе се подржуваат. Минатиот месец беше објавена биографијата на космонаутот Јури Гагарин. Филмското остварување се најде на критика поради советска глорификација. Еден критичар напиша дека режисерот „земал натпис од „Правда“ и го претворил во филм“.
Туркменстанскиот продуцент Рамил Тухватулин вели дека станува јасно дека целта на Кремлин е еднострана промоција на историски случки:

„Во класичниот филм „Иван Грозни“ во режија на Сергеј Ајсенстајн има секвенција за рускиот напад на Казан, во која се прикажува офанзивата од една страна на портите. Ако ние направиме филм за случувањата од другата страна на портите и прикажеме како нашиот народ гинел во одбрана на нацијата, Москва ќе го прогласи сето тоа за ширњење етничка омраза. Ќе се вели дека не се случило така и јасно е зошто тоа ќе се тврди – Москва има сопствена агенда“, вели Тухватулин.

Се чини дека руските интелектуалци се соочени со изборот да ја напуштат матичната земја, по пример на економистот Гуријев или познатиот шахист Гери Каспаров, или да останат во Русија, соочени со можно кривично гонење како групата „Пуси Рајот“ и блогерот Алексеј Навални.
XS
SM
MD
LG