„Фактот што ние можеме да сме тука на погрешната линија која го раздвојуваше градот, говори за вечната вистина: ниту еден ѕид не може да стои против копнежот за правда, копнежот за слобода, копнежот за мир кои горат во човечкото срце“.
Ова денеска го изјави американскиот претседател Барак Обама во говорот пред Бранденбуршката капија во Берлин, додавајќи дека победија толеранцијата и слободата.
„Ние не сме само граѓани на Америка или Германија. Ние исто така сме граѓани на светот. Нашите судбини се поврзани како никогаш порано.“
Сепак, според Обама, се додека постои нуклеарно оружје се дотогаш нема да има вистинска безбедност во светот.
„Ние можеме да удриме против терористичките мрежи, но ако ги игнорираме нестабилноста и нетолеранцијата кои го подгреваат екстремизмот, на крајот ќе биде загрозена нашата сопствена слобода.“
Обама најави дека Соединетите држави предложиле натамошна редукција од над една третина на американските и руските стратегиски нуклеарни арсенали.
„Јас сум убеден дека можеме да ја гарантираме безбедноста на Америка и на нашите сојузници и да одржиме силна стратегиска брана и ако ги намалиме нашите стратегиски нуклеарни оружја и до една третина. Имам намера да побарам преговори со Русија тоа да биде на нивото пред Студената војна.“
Изјави Обама во говорот во Берлин, 50 години откако тогашниот американски претседател Џон Кенеди ја искажа неговата солидарност со граѓаните на тогаш поделениот град. Предложените кратења би ги намалиле арсеналите на двете земји на околу илјада нукеларни парчиња оружје.
Во Москва рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија нема да дозволи нерамнотежа во стратегиското нукеларно оружје.

Јас сум убеден дека можеме да ја гарантираме безбедноста на Америка и на нашите сојузници и да одржиме силна стратегиска брана и ако ги намалиме нашите стратегиски нуклеарни оружја и до една третина. Имам намера да побарам преговори со Русија тоа да биде на нивото пред Студената војна.Барак Обама, претседател на САД