Достапни линкови

Диктаторски прирачник: шест лекции од кримската криза


Брзината и леснотијата со кои Русија го врати Кримскиот полустров го оставија поголемиот дел од светот изненаден. Но, факторите кои влегоа во игра се создаваа со години. Нашиот новинар Дејзи Синделар нуди шест животни лекции за алчните идни диктатори и земјите кои се обидуваат да се ослободат од нив.

Не се откажувајте од вашиот нуклеарен арсенал

Пред дваесет години Украина беше трета нуклеарна сила во светот, со 1.900 ракети со долг и 2.400 ракети со краток дострел што некогаш беа дел од советскиот арсенал.

Но, Киев со Меморандумот од Будимпешта, доброволно им ги предаде на Русија, менувајќи ги за суверенитет и ветување дека Москва ќе се воздржи од употреба на сила против територијалниот интегритет и независноста на Украина.
Ако имате нуклеарно оружје никој не ве напаѓа.
Павло Ризаненко, украински пратеник.

„Ако имате нуклеарно оружје никој не ве напаѓа“, вели украинскиот пратеник Павло Ризаненко, повикувајќи се на Индија, Пакистан, Северна Кореа.

Договорите се без значење

Меморандумот од Будимпешта, и покрај тоа што беше одобрен од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации не го задржа Путин да го земе Крим.

Според Путин, овој договор не е во сила, бидејќи сегашната украинска влада дошла на власт со државен удар.

Од друга страна, договорот не предвидува Вашингтон и Лондон како негови потписнички да преземат воена мерка против Москва.

Всушност со анектирањето на Крим, Москва прекрши бројни договори, меѓу кои и Повелбата на Обединетите нации.

Етничкото чистење функционира

Поседувањето, како што велат, е девет десетини од законот. Ако сакате да барате територија, најдобар начин е да ги исселите локалните жители и да се етаблирате како ново мнозинство.

Оваа тактика успешно беше употребена врз американските домородци во Соединетите држави, против муслиманите и Хрватите во Босна и против Татарите кои присилно беа иселени од Крим во 1944 година под обвинување дека соработувале со нацистите. На нивно место беа доселени Руси.

Не е лага ако тие веруваат во неа

Путин чиј КГБ трениниг и наводна пластична операција со кои не може да се прочитаат неговите чувства, лансира неколку лаги во кампањата за Крим, меѓу кои: кршење на правата на Русите, власта во Киев је презеле фашисти, руски сили не влегле на Крим и не се разгледува никакво анексирање.

Справувањето со неколкуте независни медиуми во Русија го олесни ширењето на ваквите лаги.

Пазарот нема морал

Олимпијадата во Сочи потсети на ова, кога спонзорите како Мекдоналдс и Кока Кола одбија да ја притиснат Русија за антигеј законите за да не си ги намалат нивните профити.

Меѓународната заедница се чини е исто толку беспомошна и со украинската криза. Економските причини ја компромитираат способноста на западните земји да дејствуваат како заштитници на етичките стандарди.

Патриотизмот е добар, освен кога е ужасно лош

Путин повеќето од неговите години на власт ги посвети за обнова на рускиот национален идентитет, бришејќи ја прашината од Сталин, воскреснувајќи ја Православната црква, жалејќи за распадот на СССР.

Тоа му го олесни патот да тврди дека преземањето на Крим не само што е природна, туку и неопходна работа.

Но, повикувајќи се на патриотското чувство дома, Путин почна да го искривува погледот за Украина. Зад европротестите во Киев, според него, биле неонацисти, русофоби и антисемитисти.

Овој меч со две острици, кој за жал и дава предност на Русија, може повторно да биде искористен кога Москва ќе и се загрижи за судбината на руските патриоти во источна Украина, северен Казакстан...
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG