Достапни линкови

На потег издржливоста на Западот спрема Русија


По неуспехот на нивните дипломатски напори да ја убедат Русија да не го освојува Крим, Соединетите Држави и сојузниците мора да креираат нова политика спрема режимот на Владимир Путин. Според Фајненшал тајмс, станува збор за долготрајни напори кои би воделе и до евентуално ублажување на путиновата агресивност.

По оркестираниот референдум, претседателот Владимир Путин би можело да ги остави регионот и Украина во неизвесна позиција на подолго време.

Од друга страна, тој би можело да спроведе инвазија и врз источниот дел на Украина.

Путин можеби верува дека, како по неговата инвазија врз Грузија, односи на Русија со Соединетите држави и сојузниците би биле „ресетирани“ што побргу, тоа подобро. Иднината на Украина и на глобалната безбедност зависи од докажувањето дека не е во право.
Каков и да биде неговиот курс, Соединетите Држави и Европската унија би требало брзо и силно да ја зацврстат украинската влада и да асистираат во спроведување економски реформи и демократски избори.

Но, Западот мора исто така да остане доследен во казнувањето, а со тоа и во ослабувањето на режимот на Путин.

Администрацијата на Обама и Европската унија воведоа санкции против Русите инволвирани во инвазијата, одбивајќи им визи и замрзнувајќи им го имотот.

Но, не е јасно дали овие мерки ќе ја погодат вистинската цел: релативниот мал круг олигарси и моќници околу претседателот Путин.

Тука се Игор Сечин, претседател на нафтената компанија Роснефт, Владимир Јакунин, шеф на Руската железница и Алексеј Милер, претседател на Газпром.

Русија, како што пишува Фајненшал тајмс, е раковедена од мафија и доколку тие што спаѓаат во неа останат недопрени, тогаш западните санкции ќе имаат мал ефект.

Стратегијата на Западот мора да го исполни предупредувањето на германскиот канцелар Ангела Меркел која изјави дека инвазијата би требало да предизвика огромни загуби за Русија, економски и политички.

Тоа минимално би значело исклучување на Москва од Групата 8 и од Организацијата за економска соработка и развој каде што бара прием. Тоа значи и проширување на санкциите врз поединци од банкарскиот сектор.

Русија ќе одговори со нејзини санкции, вклучувајќи ги и оние против западните компании во Русија.

Владите мора да бидат подготвени на таквите штети, знаејќи дека Русија, а не Западот ќе претпрпи поголеми штети од сопствените санкции.

Најважниот дел од западниот одговор ќе биде издржливоста.

Оваа политика, освен руска одмазда, нема да донесе брзи резултати.

Путин би можело да одговори и со поголема агресивност. Тој може да бара брза нормализација на односите, играјќи на московското влијание врз Иран и Сирија.

Американската администрација не би требало да се откажува од нејзината соработка со Русија за овие прашања, но исто така не може да ја смирува својата реакција за ситуацијата во Крим поради други интереси.

Путин можеби верува дека, како по неговата инвазија врз Грузија, односите на Русија со Соединетите Држави и сојузниците би биле „ресетирани“ што побргу, тоа подобро.

Иднината на Украина и на глобалната безбедност зависи од докажувањето дека не е во право, се наведува во коментарот на Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG