Достапни линкови

Кери и Лавров без согласност за Украина


Рускиот претседател Владимир Путин, како што изјави државниот секретар на САД Џон Кери, не бил подготвен да донесе некаква одлука за Крим се до по одржувањето на неделниот референдум.

Референдумот на Крим е во спротивност со меѓународното право и Вашингтон и меѓународната заедница нема да го прифатат резултатот. Ова денеска во Лондон го изјави американскиот државен секретар Џон Кери, кој додаде дека за ова прашање шест часови разговарал со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Кери не и се закануваше на Русија со ништо.
Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија.

Кери предупреди дека ќе има последици доколку Русија се инволвира во Украина. Toj додаде дека распоредувањето на руските трупи засега ќе било замрзнато и најави дека неговите контакти со Лавров ќе продолжат и во наредните денови.

Според Кери, рускиот претседател Владимир Путин не бил подготвен да донесе некаква одлука за Крим се до по одржувањето на неделниот референдум.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Држави и Русија се разидуваат во нивните ставови за Украина.

Тој додаде дека Русија ќе ја почитува волјата на граѓаните на Крим кои в недела ќе излезат на рефрендум за присоединување кон Русија.
Ако Косово беше третирано како специјален случај, тогаш тоа може да се каже и за Крим.
Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија.

Лавров изјави дека Москва нема намера да интервенира во источниот дел на Украина. Според него, најавените санкции против Русија ќе бидат контрапродуктивни.

„Кери не и се закануваше на Русија со ништо“, рече Лавров, кој додаде дека ако Косово беше третирано како специјален случај, тогаш тоа може да се каже и за Крим.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон изјави дека се уште се надева на дипломатско решение на украинската криза.

Тој повтори дека Русија ќе се соочи со последици доколку одбие да ја намали контролата врз Крим каде што за в недела и закажан референдум за присоединување кон Русија.

Инаку, самопрогласениот проруски премиер на Крим Сергеј Аксионов денеска ги повика граѓаните од источна Украина да одржат свој референдум за приспојување кон Русија.

Тој ова го изјави на прес конференцијата пред најавениот сличен референдум в недела на Крим што е поддржан од Москва, но не и од Киев и поголемиот дел на меѓународната заедница.

Според Аксионов, Крим би можело да се присоедини кон Русија во рок од една година по одржувањето на референдумот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG