Веродостојни, кредибилни и демократски избори се трите термини кои деновиве ги употребија странските политичари зборувајќи за реализацијата на Договорот од Пржино.
Доста е оптимистички да се каже дека на техничко ниво има време да се обезбедат фер, демократски и слободни избори. Во таа смисла и самите рокови кои беа зацртани во пржинскиот договор , особено за клучната институција за спроведување избори - Државната изборна комисија, беа и најрано, односно во почетокот на септември требаше веќе засилено да се работи на обезбедување на тие технички услови.Миша Поповиќ, Институт за демократија.
Во соопштението од Белата куќа по средбата на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џозеф Бајден се вели дека двајцата соговорници се согласиле за важноста од континуирано имплементирање на договорот и преземањето дејства за обезбедување веродостојни избори, а и европратеникот Ричард Ховит нагласи дека поентата на предвремените избори е да се обезбеди кредибилен и демократски избор, а датумот е само еден елемент од договорот.
Според Миша Поповиќ од Институтот за демократија самата употреба и на терминот кредибилни, а не само демократски укажува на тоа дека не се очекува гласачите само да излезат на избори, туку да се обезбедат и сите технички услови.
„Доста е оптимистички да се каже дека на техничко ниво има време да се обезбедат фер, демократски и слободни избори. Во таа смисла и самите рокови кои беа зацртани во пржинскиот договор , особено за клучната институција за спроведување избори - Државната изборна комисија, беа и најрано, односно во почетокот на септември требаше веќе засилено да се работи на обезбедување на тие технички услови“, вели Поповиќ, кој како пример го посочува прочистувањето на избирачкиот список за кој методологијата ДИК ја предложи до партиите пред Нова година, но се чека четирите партии да се произнесат.
„Чистењето на избирачкиот список не е едноставна процедура. Прво треба да се лоцираат случаите каде што можно е да има дуплирање и случаите на пример кои треба да бидат извадени од списокот, на пример починати лица. Особено кај оние што се можни дупликати процедурата е комплицирана. Треба да има теренска проверка и понатаму тоа треба да се помине на суд за да може некого да избришете од списокот“, вели Поповиќ.
Имајќи предвид дека добар дел од предвидените обврски од договорот не се спроведоа се сомневам дека остана време и за спроведување технички чисти избори смета и професорот Осман Кадриу.
„Длабоко сум убеден дека имаме опструкции се уште во релевантните органи кои се одговорни за спроведување на изборите. Еве само како пример, се избра Државна изборна комисија, но тие уште не се почнати со конкретните работи и се договорат како треба да се прочисти и ажурира избирачкиот список“, вели Кадриу.
Аналитичарите го споменуваат и немањето на договор за медиумите за што партиите поминаа многу рокови, напоменувајќи дека информирањето на граѓаните е особено важно за кредибилен изборен процес.