Достапни линкови

Левица - нови луѓе, нова понуда


Не очекувам некоја трета опција да покаже таков изборен резултат што ќе ги симне од тронот овие главни политички партии, но може да игра важна улога при идното составување Влада, вели аналитичарот Насер Зибери.

Од партијата во најава „Левица“, за која периодов се собираат потписи за да се формира, очекуваат дека тешко ќе биде да се овозможат регуларни избори во Македонија во април, но Здравко Савески нагласува дека треба да се направи се тоа да се случи.

Од таа заситеност новите партии ќе се обидат на овие избори мозаикот да го направат малку пошаренолик. Не очекувам некоја трета опција да покаже таков изборен резултат што ќе ги симне од тронот овие главни политички партии, но може да игра важна улога при идното составување Влада.
Здравко Савески „Левица“.

„Многу тешко е да се овозможат демократски избори во Македонија имајќи ги предвид претходните изборни циклуси. Но она што мора да се направи е да се овозможи конечно по подолго време да има регуларни избори без притисоци“, вели Савески.

Савески потенцира дека во ситуација кога граѓаните се многу незадоволни од постоечките политички партии и кога се појавуваат само нови партии од стари политичари, „Левица“ се појавува како нова партија со нови идеи. „Левица“, како што вели Савески, ќе се залага за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмо

„Сите политички партии си го гледаат личниот интерес и гледаат што повеќе во крајна линија да украдат од Македонија. Левица е единствената партија по долго време која е формирана од нови луѓе“, вели Савески.

Аналитичарите истакнуваат дека немаат дилема оти граѓаните во Македонија се заситени од политиките на двете порелевантни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и оти истото важи и за Албанците и затоа очекуваат на изборите некои од новите партии да добијат поддршка од неопределените гласачи и да станат трета опција.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери посочи дека во Македонија подолго време трае ситуација на статус кво на политичката сцена и оти расте бројот на неопределени гласачи кои претежно превагнуваат кон т.н трети опции.

„Од таа заситеност новите партии ќе се обидат на овие избори мозаикот да го направат малку пошаренолик. Не очекувам некоја трета опција да покаже таков изборен резултат што ќе ги симне од тронот овие главни политички партии, но може да игра важна улога при идното составување Влада“, вели Зибери.

Овој тренд на појавување трети политички опции е присутен во Европа во повеќе земји како во Хрватска и Шпанија, каде слично како и во Македонија две политички партии доминираа постојано на политичката сцена со децении.

Македонија претходно имаше искуство со трети опции. Од субјектите кои се пробија на политичката сцена со повидлив резултат е Демократска алтернатива на Васил Топурковски, но во последните неколку година битката на избори се водеше меѓу најголемите партии, иако имаше помали партии кои претендираа да станат трета опција. Причина за тоа што не постигнаа поголем успех е во изборниот модел, но и тоа што политичкиот амбиент остана без понуда на нова идеја и затоа што новите партии главно се доживуваа како сателити на постојните поголеми партии.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG