Достапни линкови

„Ел Нињо“ носи торнада, поплави и снег


„Ел Нињо“ носи торнада, поплави и снег
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

„Ел Нињо“, носи торнада, поплави и снег

Ретки зимски торнада во Соединетите Држави, снег во Мексико и големи поплави во Британија и во неколку земји во Јужна Америка. Невремето деновиве однесе десетици животи, а предизвика и големи штети. Таму е прогласена вонредна состојба поради страхување дека и во наредниве денови ќе продолжи лошото време.

Најмалку 11 луѓе вчера загинале од торнадата или во сообраќајните несреќи предизвикани од нив во Тексас со што бројот на жртвите изнесува над 40 откако деновиве невреме го погоди југот на САД.

Во околината на Далас торнадата кои се ретки во овој период на годината уништиле стотици домови.

Според податоците, биле забележани девет торнада.

Три лица биле најдени мртви откако нивните автомобили силниот ветер ги исфрлил од патиштата.

Никогаш не сме виделе нешто слично. Навистина не знам како ќе можеме да спречиме евентуално ново толку брзо поплавување.
потполковник Хемиш Кормак.

„Ова е тотална катастрофа“, вели локалниот полициски претставник Педро Барино.

Метеорологот Мет Бишоп изјави дека вакви торнада од време на време се случуваат во Тексас.

„Но, секако, тоа не е нешто што се случува често во зима“, додава тој.

Во поплавите во Мисури и Илиноис загинале 13 лица, а повредени и штети имало и во Мисисипи, Тенеси, Арканзас и Алабама.

Поплави имало и во Охајо, а поради невремето бил откажани 400 авионски летови.

Во американскиот Метеоролошки центар велат дека ваквото лошо време ќе продолжи и во наредните денови.

Поројни дождови деновиве ја погодија Англија и тоа регионите кои пред еден месец беа зафатени со поплави.

Десетици семејства беа принудени да ги напуштат домовите.

„Се случи толку брзо, без никакво предупредување. Водата брзо надоаѓаше“, вели Џенис Финдлеј од Јоркшир.

Британската влада реши да распореди војска за да им помага на семејствата кои се погодени од поплавите.

„Никогаш не сме виделе нешто слично. Навистина не знам како ќе можеме да спречиме евентуално ново толку брзо поплавување“, вели потполковник Хемиш Кормак.

Поплавите во западните делови на Англија зачестија преку зима, а критичарите ја обвинуваат владата за кратење на финансирањето на програмите за одбрана од поплави.

Поплави имало и на граничните предели меѓу Парагвај, Уругвај, Бразил и Аргентина кои биле предизвикани од изобилни летни дождови.

Најмногу погодени биле некои делови на Парагвај каде што над 90 илјади луѓе биле принудени да ги напуштат домовите, а имало и десетици жртви. Владата прогласи вонредна состојба во седум региони.

Во меѓувреме, невообичаено, врнежи од снег биле забележани во Мексико и во делови на Тексас.

Експертите велат дека ваквото невреме било предизвикано од годинашното „Ел Нињо“.

Станува збор за неправилна и комплексна серија на временски промени кои влијае врз регионот на екваторијалниот Пацифик и пошироко и која се случува на неколку години.

Оваа појава предизвикува климатски екстреми во светот.

Годинава, „Ел Нињо“, бил најлош изминативе над 15 години, оцени Светската метеоролошка организација.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG