Достапни линкови

Климатските промени му помагаат на екстремизмот


Климатските промени му помагаат на екстремизмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Климатските промени му помагаат на екстремизмот

Во најновиот извештај на Светска банка се наведува дека климатските промени се акутна закана за сиромашните луѓе во светот. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека промените на климата придонесуваат во создавањето услови за појава на екстремизам.

Светска банка предвидува и дека промените ќе предизвикаат осиромашување на уште 100 милиони луѓе во наредните петнаесет години.

Најпогодени од тоа ќе бидат најсиромашните региони како Подсахарска Африка и Јужна Азија.

Станува збор за временски шокови како поплави, суши и топлотни удари при што ќе се намалуваат обработливите површини и ќе се ограничува пристапот до храна и вода за пиење.

Обединетите нации проценуваат дека скоро 27 милиони луѓе во северниот дел на Африка ќе гладуваат што може да предизвика да се зголеми бранот бегалци кон побогатите земји.

Во Нигерија климатските промени не доведоа до терористичката група Боко Харам, но големата суша од која земјата беше погодена и неспособноста на владата да се справи со тоа помогнаа во создавањето политичка и економска клима што милитантите ја искористија за освојување села, за колежи и киднапирање ученички.
Џон Кери, државен секретар на САД.

„Има многу тешка ситуација со обезбедувањето храна во Северна Африка како резултат на немањето дождови низ целата година“, вели Дејвид Ор, претставник на Светската програма за храна.

Научниците кои ги следат временските прилики велат дека оваа година била најтопла во светот во изминативе 150 години откако се мерат температурите.

Исто така, девет од најтоплите десет години биле забележани во текот на оваа деценија, што јасно покажува дека станува збор за тенденција предизвикана од глобалното затоплување, од испуштањето штетни гасови во атмосферата.

Деновиве американскиот државен секретар Џон Кери повика на решителна акција во справувањето со ефектите од климатските промени.

Тој додаде дека оваа борба е клучна за американската национална безбедност и оти климатските промени му помагаат на екстремизмот.

„Во Нигерија климатските промени не доведоа до терористичката група Боко Харам, но големата суша од која земјата беше погодена и неспособноста на владата да се справи со тоа помогнаа во создавањето политичка и економска клима што милитантите ја искористија за освојување села, за колежи и киднапирање ученички“, изјави Кери.

Тој ќе им се приклучи на светските лидери во Париз на 30 ноември на Самитот за глобалната клима.

„Не е случајно тоа што непосредно пред граѓанската војна во Сирија, земјата доживеа најголемата суша во историјата. Околу милион ипол луѓе мигрирале од фармите на Сирија во градовите што придонесе за интензивирање на политичките немири кои беа почеток за сегашната голема нестабилност во регионот“, изјави Кери.

Тој најави дека ќе биде формирана работна група со цел да ги интегрира анализите за климата и за безбедноста на земјата а во рамките на планирањето на американската надворешна политика.

Оваа работна група ќе им помогне на активностите на американските амбасади во врска со неочекуваните климатски влијанија во светот, како и на Американската агенција за меѓународен развој на подобрување на нејзината способност за откривање и спречување конфликти.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG