Поплавите ја оневозможија пролетната сеидба, а нас ни стигнуваат сметки за одводнување, се жали Марјан Атанасовски, земјоделец од Новаци и координатор за пелагонискиот дел на здружението „Земјоделски спас“. Сметките на земјоделците им ги испраќа претпријатието „Битолско поле“, следбеник на некогашното „Водостопансто“, кое има задача да се грижи за чистење на каналите и одводнување на полето. Во годината кога земјоделието ги претрпи најголемите штети од поплавите, земјоделците ќе треба да платат по 460 денари на годишно ниво за одводнување по хектар.
Овие денови до нашето членство пристигнуваат барања за плаќање на надоместок за одводнување. Затоа прашуваме каде тоа јавно претпријатие „Битолско поле“ направило одводнување на каналите за да не ни се поплават посевите?Марјан Атанасовски, земјоделец.
„Овие денови до нашето членство пристигнуваат барања за плаќање на надоместок за одводнување. Затоа прашуваме каде тоа јавно претпријатие „Битолско поле“ направило одводнување на каналите за да не ни се поплават посевите? Како услов за добивање субвенции мора да ја имаме платено сметката за извршена услуга за одводнување. Како да плаќаме услуга која не сме ја добиле? Не се буниме да не плаќаме, туку бараме да ни се пружи соодветната услуга да имаме добар систем и одводнување, па да платиме“, вели Атанасовски.
Тој обвини дека не биле преземени мерки ни за чистење на река Црна, а багерот што надлежните со месеци го оставиле до нејзиното корито бил неисправен и ѝ порача на владата да купи соодветна опрема за претпријатието „Битолско поле“.
Наместо да ветувате кули и градови, посетете го претпријатието Битолско поле и купете им соодветна опрема за да ги чистат каналите и секоја година да не ни се повторуваат поплавите и да бараме изговор во климатски услови.Марјан Атанасовски, земјоделец.
„Наместо да ветувате кули и градови, посетете го претпријатието Битолско поле и купете им соодветна опрема за да ги чистат каналите и секоја година да не ни се повторуваат поплавите и да бараме изговор во климатски услови. Овој багер беше однесен со шлеп служба на реката Црна, не е исправен, нема ни корпа. Тој багер стоеше цела година до реката. По мојата објава на Фејсбук, тој багер беше повлечен од местото“, додава Атанасовски.
Директорот на „Битолско поле“, Јани Ралевски, ги демантира земјоделците и тврди дека ги исчистиле сите канали што се во нивна надлежност во трите општини - Битола, Могила и Новаци. Тоа се десетте канали во Пелагониско, како и делови од коритата на реките Драгор, Шемница, Бистричка Река со вкупна должина од 120 километри. Чистењето на каналите чинело половинамилион евра.
Ралевски признава дека не можат да го исчистат коритото на Црна Река зашто механизацијата им е застарена. Вели претпријатието прави обиди да набави нови машини.
Инаку, реката Црна, чие корито не е исчистено три децении, се покажа како најголема опасност за поплавување на Пелагонија. Коритото полно со вегетација не беше во можност да ги собере надојдените води, па реката годинава до сега четири пати се излеа.