Достапни линкови

Ректоратот на УКИМ деблокиран, барем до четврток


Студентите прекинаа со блокада на Ректоратот, но ректорот има два дена да се изјасни за нивните барања. Тие не се против изградба на нови факултети, но се сомневаат дека претходно планираните локации за тоа, сега може да бидат искористени за приватни цели. Во меѓувреме багерите си работат.

Студентите од Студентскиот пленум и младинската организација „Мугри“ денеска ја запреа блокадата на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со образложение дека вчерашните случувања биле само порака со која сакале да потенцираат дека му даваат ултимативен рок на ректорот Велимир Стојковски, до четврток да се произнесе за нивните барања.

Сето ова не иницира да размислиме околу тоа дали локациите коишто биле предвидени за тие високообразовни институции, ќе бидат искористени за некои приватни цели.
Ѓорги Рајчиновски, Студентски пленум.

„Ние сега ќе ги доставиме барањата до Ректоратот. Му даваме рок до четврток да се изјасни, бидејќи сметаме дека тоа е некаков разумен рок до кој тој може да одговори на нашите барање. Што понатаму, ако тој не се изјасни до четврток, тоа дополнително ќе се одлучи и ќе се дискутира. Меѓутоа се надеваме дека имаме работа со здраворазумски луѓе и дека во овој предвиден рок тие ќе одговараат на нашите барања“, рече Кирил Дончов од младинската организација „Мугри“.

Од Студентскиот пленум претпладнево информираа дека изградбата на факултетите за информатички науки (ФИНКИ) и за физичка култура (ФФОСЗ) е непходна, бидејќи нивните колеги моментално студирале во нечовечни услови. Тие велат дека сакаат европски услови за сите студенти, но дека изградбата на предвидениот простор во кампусот на УКИМ е апсурдна, бидејќи освен што се исечени 47 дрва, имало и дополнителни нелогичности.

„Со оглед на тоа што првично има три локации каде што би можеле да се изградат овие факултети: првата локација е започната уште во 2002 година, каде што претседателот Борис Трајковски има ставено и камен темелник кај Прородно – математичкиот факултет. Втората локација е кај бараките на Факултетот за драмски уметности, каде според Деталниот урбанистички план на Општина Центар, има простор за изградба на образовна институција. За факултетот за физичка култура, во 2012 со одлука на Министерството за образование и наука била предвидено и биле предвидени и средства за изградба на проект, да се изгради факултет на веќе постоечката локација на факултетот. Сето ова не иницира да размислиме околу тоа дали локациите коишто биле предвидени за тие високообразовни институции, ќе бидат искористени за некои приватни цели“, изјави Ѓорги Рајчиновски од Студентскиот пленум.

Студентите повикаа Сенатот на УКИМ до четврток да свика итна седница каде ќе можат јасно да ги изложат нивните аргументи, но и одговорност од ректорот Стојковски за нетранспарентноста на целиот процес. Во врска со вчерашната блокадата од страна на студентите, декани на факултети и директори на научни институти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку соопштение повикаа „Веднаш да и се дозволи на администрацијата да ги извршува своите редовни обврски, а сите прашања да се решаваат во институциите на системот“. Студентскиот пленум вчера изутрината го блокираше Ректоратот на УКИМ, во знак на протест од сечата на дрвја во кампусот на универзитетот за изградба на два нови барокни факултета. Додека ваквите препукувањата траат, багерите и денеска работат и го расчистуваат теренот за изградба на новите факултети.

Студенти протестираат, багерите си работат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG