Достапни линкови

Аудио од предметите кои ги побара Јанева


Специјалното јавно обвинителство ги побара предметите „Израелска опрема“, „Пуч“, „Изборни измами“, „Злоупотреба на должноста во Битола“ и „Одговорност од операторите за прислушувањето“.

Специјалното јавно обвинителство од обвинителствата во земјава ги побара првите пет предмети поврзани или кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори.

Првиот предмет е оформен од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по поднесена кривична пријава од СДСМ против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, неговата поранешна соработничка, а сега судијка во Вишиот управен суд Светлана Костова и против Израелецот Хаим Хакијни во врска со наводна провизија при набавка на израелска опрема за специјалната полиција.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во април годинава објави нелегално прислушувани разговори меѓу, како што рече, Мијалков и Костова и Костова и Хакијни, кои, според него, докажуваат корупција при набавката на израелска опрема за полицијата.

СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00
Директен линк

Машки глас: Светле, што правиш?

Женски глас: Еве, тука сум горе.

Машки глас: Тука си? Кажи ми сега овие, нели тербаше да пуштаат, ја ти реков 3 пати по…колку да пуштат?

Женски глас: Да, меѓутоа рековте додека не се платат оние да не пуштаат ништо.

Машки глас: А ти реков додека не ги добиеме тие последните пола милион да не се пуштаат.

Женски глас: Да, така не пуштаат додека…они ме чекаат секој ден ми се јавуваат. А?

Машки глас: Е па држи затоа што еве јас сега…они секој ден те бараат за да се пуштат пари, така?

Женски глас: Ме бараат и прашуваат: Светле може да пуштиме?

Машки глас: Речи затоа што ги немаме добиено последните пола милион…

Женски глас: Да, да, да.

Машки глас: Нека не пуштаат. Кога ќе ги добиеме последниот милион…

Женски глас: Да му кажувам додека не стигне последната паричка нема плаќање…

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:30 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:40 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00
Директен линк
СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков 4
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00
Директен линк

Од истото обвинителство, специјалната обвинителка го побара и предметот „Пуч“ во кој лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев е обвинет за насилство врз државни претставници. Во истиот случај, за прислушување, шпионажа и насилство врз државни претставници се обвинети поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, полицискиот функционер Ѓорги Лазаревски, како и вработениот во Општина Струмица Бранко Палифров. Разузнавачот Звонко Костовски веќе призна дека шпионирал и неовластено прислушувал и е осуден на три години затвор.

Третиот предмет оформен од Основното јавно обвинителство Скопје по поднесена кривична пријава од СДСМ против премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против непознати лица вработени во МВР за фалсификување исправи и повреда на избирачкото право.

Во март годинава, опозицијата објави нелегално прислушувани разговори меѓу, како што велат, високи државни функционери, кои, според нив, докажуваат дека имало фалсификување лични карти и изборни измами.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:19 0:00
Директен линк

Прв машки глас: Маријан!

Втор машки глас: Повели министре.

Прв машки глас: Абе, има околу 300 лични карти за Струмица, во тек си?

Втор машки глас: За да се прават или треба да стигнат?

Прв машки глас: Да се прават.

Втор машки глас: Ууууух.

Прв машки глас: Ај слушни се од кај мене со Игор Јанишев, чекај да ти дадам број.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:19 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00
Директен линк

Четвртиот предмет е побаран од Основното јавно обвинителство Битола, а е против битолскиот градоначалник Владимир Талески и лицето С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба.

Петтиот предмет е побаран од Основното јавно обвинителство Куманово, а е оформен по кривична пријава од физичко лице против непознато одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека од јавните обвинителства во земјава ќе бара нови предмети на 15 дена. Во денешното соопштение се наведува дека воопшто нема да бидат соопштувани податоци дали одредени лица побарале статус на заштитени сведоци, зашто „постои опасност од обесхрабрување на ваквите лица да пристапат кон ова Јавно обвинителство и да помогнат во истрагите“.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG