Достапни линкови

Заев: Мијалков договара провизија


Заев - Мијалков зема дебели провизии
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:49 0:00

Заев-Мијалков зема дебели провизии

Нови прислушувани телефонски разговори, со кои, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се докажува дека директорот на УБК Сашо Мијалков договара провизија при набавка на опрема.

Телефонски разговори со кои, како што тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев, се откривал корупциски скандал со набавка на опрема за тајната полиција од Израел беа објавени на денешната прес-конференција во партиското седиште.

Граѓаните на Македонија, платиле безмалку 14 милиони евра за опрема којашто била набавена за да биде злоупотребена, за Груевски и Мијалков да влезат во животите на сите нас, за да ги контролираат животите на граѓаните на Македонија. Но, скандалозното прислушување било поврзано со уште една, неверојатно голема криминално корупциска афера, во којашто е инволвиран врвот на власта, а којашто носи огромен срам за Република Македонија.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Од дванаесетте разговори, најголем дел од нив, како што рече Заев, меѓу директорот на УБК и неговата соработничка Светлана Костова се дознавало дека Сашо Мијалков побарал провизија од половина милион евра за воопшто да почне да разговара со израелската фирма. Лидерот на опозициската партија посочи дека Костова е истата личност за која, како што рече, од претходно презентираните аудио снимки се дознало дека Мијалков ја наместил за судијка во Управниот суд.

„Женски глас: Да му кажувам додека не стигне последната паричка нема плаќање...

Машки глас: А, бе Светле сега јас зборам и ти збориш, слушај ме ја додека зборам.

Женски глас: Добро.

Машки глас: Значи, ќе им кажеш: додека не ги добиеме последните пари, тоа се пола милион, да не пуштаат. Следното пуштање нека биде одеднашка, како што рековме, така?

Женски глас: Да. На три пати рекоа и Вие рековте така и јас...

Машки глас: Три пати, по колку беше?

Женски глас: По 900, некаде 1000 излегува.

Машки глас: Три пати по 900 и нешто, така?

Женски глас: Да, така. И така му е кажано, и они се јавуваат секојдневно за да биде тоа.“

СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00
Директен линк

Од емитуваните разговори меѓу Мијалков и Костова, според опозицијата се слушало како се договараат провизиите кои се реализирале преку Русија и Унгарија.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Директен линк

„Машки глас: Добро, види вака сега. Памтиш што требаше да се договориме или не?

Женски глас: Да, да, памтам.

Машки глас: Што?

Женски глас: Треба да има, да видиме тие 200 илјади за провизијата како да ги донесат, што да направат, да ги пренесат преку банка или не? Да видиме кога ќе заврши како стоката ќе стигне кај нас и тие детали.

Машки глас: Добро. Океј. Види вака сега, јас сум, ја ќе го примам накај 2-3 саат кажи му. Јас сум сега на помен, не знам кога ќе завршам, ама кажи му во 2 или пред 2 ќе го побараме и ќе му кажеме и ќе го примам. Ајде.

Женски глас: Добро, добро, они се во хотелот, не е проблем.“

Првпат од кога опозицијата почна да ги презентира т.н. бомби беа пуштени и СМС пораки меѓу, како што рекоа, Костова и Мијалков и Костова и извесен Израелец Хаим Ханкејни кој преговарал со нив во име на фирмата. Од тие материјали се чита како наводно меѓу нив се разговара за праќање на 540.000 евра и 840.000 евра.

„Граѓаните на Македонија, платиле безмалку 14 милиони евра за опрема којашто била набавена за да биде злоупотребена, за Груевски и Мијалков да влезат во животите на сите нас, за да ги контролираат животите на граѓаните на Македонија. Но, скандалозното прислушување било поврзано со уште една, неверојатно голема криминално корупциска афера, во којашто е инволвиран врвот на власта, а којашто носи огромен срам за Република Македонија“, рече Заев.

Тој покажа и материјал за којшто тврди дека е доказ за честите посети на Ханкејни во Македонија во 2011 година кога наводно е договарана зделката. Тој додаде дека истиот Израелец и претходно во 2008 година често доаѓал во земјава. На прес-конференцијата беа пуштени и разговори на кои, како што тврди Заев, се слушале гласовите на министрите за финансии и за внатрешни работи, а Јанкулоска му се жалела на Ставрески дека МВР не можело ни струјата да си ја плати, а дека тие 850 илјади денари или, како што рече, 14 милиони евра предвидени за договорот со израелската фирма не можеле да намалат.

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ги демантира обвинувањата и најави пријава против Заев. Според Мијалков, не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја добило Министерството за внатрешни работи.

„Донацијата од 5.557.377 евра е примена. Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев. Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија“, се вели во реакцијата.

МВР, пак, реагира дека основната цел на Заев и на сите инволвирани во случајот Пуч е уривање на институциите и безбедносниот систем на Македонија. Според МВР, се работи за донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на министерството.

Во реакцијата е наведено дека станува збор за над 5.5 милиони евра туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова, според МВР постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна. Воедно од МВР му се извинуваат на израелското Министерство за одбрана за денешниот настап на Заев.

Претпладнево како што јавија медиумите Заев бил на распит во Јавното обвинителство во одделот за организиран криминал во врска со сомневањата дека побарал поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште.

please wait

No media source currently available

0:00 0:03:30 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:40 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00
Директен линк
СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков 4
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00
Директен линк
СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:02 0:00
Директен линк

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG