Рударите вработени во компанијата Индо минерали и метали четири месеци живееја во надеж дека ќе земат плата, но безуспешно. Министерството за економија веќе поднесе предлог за раскинување на договорот за концесија со оваа компанија, која во изминатите неколку години беше претставана како една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија. Причината за ова се неподмирените обврски кон државата на концесијата за експлоатација на минерални суровини.
Веќе четврт месец како не земале плата, но тие рудници поради несоздавање технички и безбедносни услови и опрема не се во функција од 24 септември, бидејќи нема услови за производство кои треба да ги обезбеди работодавачот. Исто така фирмата е презадолжена кон многу доверители и има блокира сметката.Пеце Ристески, претседател на Синдикатот за рударство енергетика и индустрија.
Во Синдикатот за рударство енергетика и индустрија проценуваат дека околу 1000 вработени ќе останат без работа со отворањето на стечајната постапка.
„Веќе четврт месец како не земале плата, но тие рудници поради несоздавање технички и безбедносни услови и опрема не се во функција од 24 септември, бидејќи нема услови за производство кои треба да ги обезбеди работодавачот. Исто така фирмата е презадолжена кон многу доверители и има блокира сметката. Тоа е многу лоша ситуација“, вели претседателот на Синдикатот Пеце Ристески.
Компанијата стопанисува со рудниците Злетово, Тораница и Добрево од 2006 година, а според изјавите на генералниот менаџер, Индо минерали инвестирале повеќе од 1 милијарда денари во инфраструктура, развој и рударска опрема.
Владата постојано нагласува дека врвен приоритет во нејзината економска агенда останува привлекувањето странски инвестиции. Но, економистите и забележуваат на Владата дека толерира однесување за кое не ги толерира домашните фирми, како што е долго време неисплаќање плати и долго време неисполнување на своите обврски. Тоа е погрешно водење на политика, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски. Не е добро ниту радикално да се затвори производството, но од друга страна, и странската компанија мора да ги подмирува обврските, вели Поповски.
„Многу е интересна ситуацијата во која владата ги решава проблемите со фирмите на билатерална основа, со билатерални договори, за секоја поединечни договори прави, поединечни услови за стопанисување им наметнува. Можно е да се случило дека компанијата помислила дека и натаму ќе биде толерирана“, вели тој.
За Поповски, случајот со Индоминерали претставува тешка ситуација од која никој нема да биде победник, ниту странскиот инвеститор, ниту државата, ниту вработените.
„Владата очигледно дека го испуштила возот на време, согласно законите, да исплаќаат плати на вработените и да функционираат. Ги толерирала на одреден начин. И, од друга страна, сега одеднаш радикална мерка која ќе го запре производството на цинк и оловна руда“, вели Поповски.