Достапни линкови

Лешоски - Социјалните мрежи се дупката од приказната за Цар Трајан


Лешоски - Социјалните мрежи се дупката од приказната за Цар Трајан
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:34 0:00

Лешоски - Социјалните мрежи се дупката од приказната за Цар Трајан

Ископале дупка и викнале дека царот има козји уши, ја закопале и им поминало. Така го гледам тоа со социјалните мрежи и со целата таа ненасочена активност на вистинско место. Едноставно, луѓето си кажуваат да им помине и толку, вели поетот Дарко Лешоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Лешоски, колку креативните луѓе на вистински начин го кажуваат својот став? Сведоци сме дека има реакции на социјалните мрежи, но колку е тоа доволно да се биде активен чинител за да се променат состојбите во општеството?

Кога бев мал, дедо ми постојано ми кажуваше една приказна за берберот на царот. Царот има долга коса и го потстрижувал само еден бербер. Пред крајот на животот берберот почнал да станува апатичен, да избегнува да се среќава со царот, да избегнува да си ја врши својата работа, сè додека не му кажал на својот внук. Не знам сега дали дедо ми намерно ја конструираше приказната, но го заколнал внукот да не го кажува тоа што ќе го чуе. Му кажал дека царот има козји уши. Му рекол ајде ќе одиме во дворот да ископаме една дупка и таму ќе викнеш царот има козји уши, ќе ја закопаш и ќе ти помине. Така го гледам тоа со социјалните мрежи и со целата таа ненасочена активност на вистинско место. Едноставно, луѓето си кажуваат да им помине и толку.

Од „бомбите“ што ги објави опозицијата, креативните луѓе извлекоа креативни записи, техно верзии.. Но, колку всушност јавноста беше погодена и исплашена дека приватноста е веќе мит во државата и колку е тоа сериозен удар врз демократијата?

Не мислам дека граѓаните беа толку засегнати за приватноста, колку за сето тоа што го слушнаа. Епилогот и најстрашното од тоа е што веќе имаме луѓе кои не им веруваат на своите уши, веќе не им веруваат на своите очи. Мене сè што ме интересира како обичен граѓанин или поединец е дали тоа е точно или не е точно, толку, нема ништо.

Сега имаме комуникација меѓу власта и опозицијата, таква каква што е, односно замрзнати релации и актуелна политичка криза од којашто не сакаме или не знаеме да излеземе и постојано ни се укажува дека тоа не одалечува од Европа. Колку интелектуалците се присутни со свој став за ваквата состојба со која се создаде еден политички и временски вакуум кој подолго време трае?

Интелектуалец, тоа значи дека човекот е образован, поприлично и дека нема проблеми ни со его, ни со суета, ни со сите тие, ајде да ги кажам, ниски човекови состојби. Мислам дека кај нас имаме проблем не со присутност на интелектуалци или со коректив на политиката, туку дека имаме проблем со домашно воспитание на политичарите, значи со елементарно домашно воспитание. Дај сега договорете се, без разлика за кој станува збор, ама не може тоа така, мора, така да мислам дека обичните, просечните, ај чесен ми е многу дискутабилен збор во ова време, чесните луѓе некако се заложници би кажал на инфантилни политичари и не знам дали дека ме влече пишувањето и дека верувам во зборовите, но исто така откривам и колку се евтини од друга страна.

Кој според вас е начинот на кој оние што имаат што да кажат можат да бидат повеќе присутни во јавноста, дали преку излегување на улица, или преку текстови, претстави, филмови коишто можат да пренесат одредена порака?

Без разлика од која страна е, дали од власт или од опозиција, или воопшто од некоја политичка структура, толку го сведоа, ги тргнаа обичните луѓе или интелектуалците или стручните лица, толку ги маргинализираа, што веќе сосема е небитно колку и да е радикален некој став или мислење се трга на страна. Еден познаник ми вели – Убаво си пишуваш дечко, (постар е од мене), што се мешаш во политика, тргни тоа на страна. Некако се стигматизира политиката. Кочо Рацин пред сè е љубовен поет и така сакам да го перцепирам, но од друга страна има ли пополитичка поезија од неговата, од Тутуноберачите, ни велеа дека е социолошка, социолошка е политичка истовремено.

Дали освен средношколските и студентските протести за останатите проблеми имавме покритична маса којашто се собра и излезе на улица за да се направат покрупни чекори?

Не е толку проблемот во масата, јас не ги поставувам така работите, не е целото тоа збир, за мене нема поголема маса од протестот, ако сака нека има 200 илјади луѓе на улица, но за мене беше поголем протестот на мажот на кој му почина жената во Гевгелија на гинекологија. Зарем треба да има 200 илјади за него, солзите што му беа на очи поради нешто што е недопустиво, мене не ми значи дали има 200 илјади или еден човек ќе викне. Сум читал дека кога советските тенкови ја окупираат Прага, на Црвениот плоштад во Москва излегле да протестираат само осуммина дека тоа не е руска земја, дека Советскиот Сојуз нема право да го прави тоа. На тие осуммина не им се знае трагата, имајќи го предвид тогашното политико раководство, но историјата покажува дека тие осуммина биле во право наспроти сите други.

Целото интервју со Дарко Лешоски погледнете го на видеото на почетокот на текстот.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG