Куманово е град од кој секојдневно млади и перспективни, високообразовани и стручни кадри заминуваат не само во западноевропските, туку и во земјите на Блискиот и Далечниот Исток, САД, Австралија, Африка. За нив, освен нивните семејства, ниту некој знае, ниту пак постои евиденција каде се и зошто го напуштаат градот, државата. И оние кои се тука, ги носи чувството дека некаде на друго место ќе им биде подобро, па бараат начини како да ги спакуваат куферите и со билет во една насока својата среќа да ја побараат далеку од родниот крај. Забележува ли некој од надлежните дека во блиска иднина Куманово ќе стане град на старци, за сега нема никакви индиции.
И на 40 години размислувам да ја напуштам Македонија, од економски причини прво и за подобра иднина на моите деца, бидејќи овде не гледам просеритет за нив, не можеме да им обезбедиме од тоа што им треба, подобри услови за живот и затоа доколку ми се укаже прилика нема да размислувам.Анкетиран граѓанин.
Што се случува со градот кој пред деценија ипол можеби за првпат од своето постоење прерасна во печалбарски, некои од запрашаните помлади кумановци ги раскажуваат своите видувања.
„Куманово ќе стане град на старци. Би надополнила дека освен во земјите на Блискиот и Далечниот Исток и Африка, заминуваат и за Малта во последно време, не збориме за одлив на мозоци, туку работна рака. Мислам дека Куманово ќе стане град на духови и старци за отприлика 15-ина години.“
„Историјата покажала дека се се базира на младите, светот на младите останува и сите наши млади,освен средношколците и они екои решиле своето примарно образование да го завршат тука, заминуваат од тука и како високообразовани кадри, но и како среднисти, стручно образовани кадри заминуваат од тука и ја бараат својата иднина надвор од државата. Со тоа државата живее полуиспразнета,според мене.“
Дали бегање од сопствениот град, земја е во потрага по подобра егзистенција, поради разочарување од севкупната состојба, или пак тоа е некаков „моден“ тренд, запрашаните велат дека од се има по малку.
„Бегаат затоа што се разочарани од тука бидејќи многу во себе, инвесираат многу во себе,во образование,во обука, а остануваат како невработени, зависни од родителите, од заедницата. Мислам кога ќе заминат таму надевајќи се на какав било подобра иднина, можеби во нив останало она патријархалното и срамот, кога ќе се вратат тука ги тера да ја кажуваат поинаквата слика, дека таму им е многу поубаво од тука. Не верувам дека толку е подобро како што се претставува.“
Ако сите заминат од родината, се наметнува прашањето постои ли патриотизам кај младите генерации кои ако не повеќе барем со погледот се преку граница, или пак патриотизмот е само кај оние кои од некои причини не можат да заминат.
„Нема врска со патриотизмот. Во Македонија нема добро платени работни позиции според нивното образование, па сведоци сме на голем број млади кои се со квалитетно високобразование,а заминуваат да работат како келнери,шанкери, во Дубаи, во Катар. Мислам дека е само поради материјална основа.“
Според овој 19-годишник државата повеќе се сака од надвор, а и тој размислува да замине во некоја од западноевропските земји, каде што според негови сознанија ќе биде подобро платен и ќе добие солидно образование.
Од Куманово уште утре би заминале и семејни луѓе.
„Кога не? И на 40 години размислувам да ја напуштам Македонија, од економски причини прво и за подобра иднина на моите деца, бидејќи овде не гледам просеритет за нив, не можеме да им обезбедиме од тоа што им треба, подобри услови за живот и затоа доколку ми се укаже прилика нема да размислувам“, велат запрашаните во Куманово додека во претпладневните часови на клупите на Градскиот плоштад пензионерите евоцираат спомени, додека помладите, главно невработени или вработени во државните институции времето за пауза го минуваат во кафулиња.