Достапни линкови

Жените од руралните средини запоставени од институциите


Обуки и неформално образование за младите и за жените од руралните средини ќе организираат невладини организации од североисточна Македонија.

Поттикнување на младите и жените од руралните средини и оспособување на потенцијални младински работници со обуки од типот на неформално образование преку четири проектни обуки, се цел на едногодишните активности на граѓанскиот сектор Норгесвел од Крива Паланка, Бујрум и Гласот на селото од Куманово.

Целна група ни се младите и жени од рурални средини на возраст од 15 до 24 години со кои сакаме да воспоставиме соработка и да им се пренесе знаењето од нашите експерти за одредени демократски права и можности за развој на нивните средини.
Даниела Анастасовска, учесник во проектот.

Ова е дел од проектот „Граѓанско учество во руралните средини“, финанскиски поддржан од УСАИД, за граѓанско општество што го спроведува Фондацијата отворено општество Македонија.

„Целна група ни се младите и жени од рурални средини на возраст од 15 до 24 години со кои сакаме да воспоставиме соработка и да им се пренесе знаењето од нашите експерти за одредени демократски права и можности за развој на нивните средини“, вели Даниела Анастасовска и додава дека со ова тие би знаеле каде и кому точно треба да се обратат во релевантните институции за надминување на нивните проблеми и потреби.

Ова се однесува на населението од Општините Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане и Липково.

„Нашите цели се поддршка и работење на младите од руралните средини и затоа се вклучивме како партнери, затоа што се вклопува во нашата мисија и визија“, вели Александра Тасиќ од „Бујрум.“

Елизабета Цветковска појаснува дека во изминатиот период младите и жените од руралните средини биле запоставени од институционалните системи.

„Ќе се работи на подготовка на нивните вештини и знаења за пристапот што значи по 18 години да се влезе во институциите на локалната самоуправа, на централна власт, да се разграничат одредени работи помеѓу локалната и централната власт, но воедно и да се работи на демократски вредности кои ќе можат како права и можности да ги искористат во руралната средина“, вели таа.

Цветковска додава дека по извршените анализи било забележано дека од 2005 година, кога се укинува правниот субјект на месните заедници, пристапот на самите граѓани во системот речиси и не постои. Затоа со учество во дебатни емисии во медиумите и соодветен третман на овој проблем на младите и жените од руралните средини во текот на наредната година се очекува да даде позитивни резултати.

„Ќе се формира мониторинг тело кое на некој начин ќе ги следи резултатите од нивните активности“, вели Цветковска.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG