Достапни линкови

Неискористени една третина од парите за земјоделците


Илустрација.
Илустрација.

Од предвидените 470 милиони евра за земјоделство и рурален развој во изминативе четири години, потрошени се само 333 милиони евра, покажува анализата на професор Борис Анакиев од Земјоделскиот факултет.

Во изминативе четири години останале 140 милиони евра неискористени од буџетските пари планирани за поддршка на земјоделството, покажува анализата на професор Борис Анакиев од Земјоделскиот факултет. Според податоците од завршните сметки на буџетите објавени во Службен весник, од предвидените 470 милиони евра за земјоделство и рурален развој, потрошени се само 332,8 милиони евра.

Никој не дава податоци колкави средства се потрошени и за што се потрошени, нема структура, по гранки на производство нема планирање, така што тоа е уште еден аспект дека нема сериозна намера јавноста да знае што и како се прави.
Борис Анакиев, универзитетски професор.

Меѓутоа, стручната јавност, па и земјоделците, не можат да дојдат до податоци за извршување на годишните програми, зашто во јавноста се презентираат само вкупно планираните средства и планската структура во годишните програми за поддршка на земјоделството и руралниот развој, а во текот на годината преку јавните гласила се објавуваат парцијални податоци за некоја исплата на земјоделците со што се прикажува дека тие ги трошат сите средства предвидени со буџетот, смета Анакиев.

Борис Анакиев, пензиониран професор од Земјоделскиот факултет во Скопје.
Борис Анакиев, пензиониран професор од Земјоделскиот факултет во Скопје.

„Никој не дава податоци колкави средства се потрошени и за што се потрошени, нема структура, по гранки на производство нема планирање, така што тоа е уште еден аспект дека нема сериозна намера јавноста да знае што и како се прави“, вели тој.

Често се спомнува колку пари им се даваат на земјоделците, ама тоа е само по планот, ама нема транспарентност, нема никакво објавување на вистинските резултати, никогаш планот не се погодува со извршувањето.
Борис Анакиев, универзитетски професор.

Анакиев вели дека проблемот лежи во погрешните политики во македонското земјоделство, а дополнително не се прават анализи за тоа какви ефекти се постигнуваат со финансиската поддршка за да можат да се избегнат грешките.

„Прашањето зошто нема транспарентност за планираните средства во буџетот за кои прилично се фали владата, министерството итн., често се спомнува колку пари им се даваат на земјоделците, ама тоа е само по планот, ама нема транспарентност, нема никакво објавување на вистинските резултати, никогаш планот не се погодува со извршувањето“, вели Анакиев.

Панче Орцев, пратеник и член на комисија за земјоделство на СДСМ, неодамна праша каде оделе тие пари? Зошто сите милионски фонтани и тркала биле поважни од земјоделскиот труд, праша тој.

„Субвенциите не се милостина на власта на Никола Груевски, како што таа сака да ја претстави нивната наводна грижа. Субвенциите законски им следуваат на земјоделците и тие имаат законско право да ги добиваат навреме“, рече тој.

Исплатата на финансиската поддршка се извршува согласно утврдени критериуми и по проверка на истите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конфернецијата на Орцев. Во писмената реакција стои дека согласно законот, исплатата на субвенциите се извршува во тековната година кога е поднесено барањето и продолжува следната година што значи дека субвенциите се исплаќаат од две буџетски години.

Анакиев објаснува дека кај нас не се истражува и каква е корелацијата помеѓу искористените средства и постигнатите резултати. Дополнително димензионирањето на средствата и нивната структура за поедини мерки воопшто не се споредува со искористените средства во претходните години. Така и „националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период 2013 – 2017 година, не се базира на остварувањето во 2012 година, туку програмата за 2012 година.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG