Албанија ги зголеми мерките за безбедност во врска со политички обоениот фудбалски меч, решена да спречи повторување на насилствата меѓу навивачите и фудбалерите до кои дојде на претходниот натпревар во Белград во минатата година.
Спротивно на дипломатските правила и практика, албанскиот амбасадор, по инструкциите од Тирана, одби да го прифати повикот на Министерството за надворешни работи и да прими протесна нота поради тешкиот инцидент, со образложение дека ништо не се случило.МНР на Србија.
На тоа му претходеше појавување на дрон над стадионот со националистичко знаме со карта на „Голема Албанија“.
Тоа предизвика дипломатски спор и ги потенцира кревките односи меѓу двете земји.
До дипломатски тензии дојде и пред сегашниот натпревар откако бил каменуван автобусот со српските фудбалери во Тирана.
Инцидентот во кој никој не бил повреден ги зголеми сомневањата за безбедноста за време на мечот во Елбасан.
Министерството за надворешни работи на Србија синоќа соопшти дека амбасадорот на Албанија во Белград Илир Боќко одбил да прими протестна нота по повод инцидентот во кој во Тирана бил каменуван автобусот на фудбалската репрезентација на Србија.
Ова е можност да ја покажеме нашата поддршка на националниот тим, како и нашето гостопримство на гостинската репрезентација.Сајмир Тахири, албански министер за внатрешни работи.
„Спротивно на дипломатските правила и практика, албанскиот амбасадор, по инструкциите од Тирана, одби да го прифати повикот на Министерството за надворешни работи и да прими протесна нота поради тешкиот инцидент, со образложение дека ништо не се случило“, се наведува во соопштението на српското министерство.
Албанските власти соопштија дека распоредиле скоро две илјади полицајци за да го обезбедуваат натпреварот.
Притоа бил уапсен и човекот кој стоел зад минатогодишниот инцидент со дронот во Белград.
Тој во себе имал пиштол и 38 билети за натпреварот и покрај тоа што нему му било забрането да го следи.
Станува збор за 33-годишниот Исмаил Морина кој поради настанот со дронот некои во Албанија го гледаат како херој.
Полицијата исто така соопшти дека внимателно ќе ги контролира навивачите со цел можните провокатори да не влезат во стадионот.
„Ова е можност да ја покажеме нашата поддршка на националниот тим, како и нашето гостопримство на гостинската репрезентација“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи Сајмир Тахири.
И најмал инцидент за време на натпреварот би можело да значи крај на албанскиот сон за квалификување на Европското првенство, за прв пат во историјата на таа земја.
Албанските репрезентативци упатија апел до публиката да биде воздржана со пораката: „Не на расизмот, почитување на химните и без провоцирање инциденти“.
„Атмосферата е таква и ги надминува некои работи поврзани со фудбалот“, изјави капитенот на српската репрезентација Бранислав Ивановиќ, додавајќи:
„Знаеме дека се соочуваме со котел, не очекуваме аплаузи од албанските навивачи“.