Достапни линкови

Рама и Вучиќ се сопнаа на Косово


Премиерите на Албанија и на Србија се заложија за унапредување на соработката, но Косово останува камен на сопнување.

Премиерите на Албанија и Србија за време на заедничката прес конференција во Белград си разменија остри зборови. Албанскиот премиер Еди Рама, ја повика Србија да ја прифати независноста на Косово, велејќи: „колку побргу го признаете, толку побргу можеме да се движиме напред,,. Српскиот премиер Александар Вучиќ ги оцени забелешките на Рама како „провокација“, велејќи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

Рама го покани Вучиќ да ја посети Тирана, а Вучиќ ја прифати поканата, повторувајки дека Косово е дел од Србија.

Претходно, српскиот премиер Александар Вучиќ истакна дека посетата на албанскиот премиер на Белград е нов почеток и напредок не само во односите меѓу двете земји, туку и во целиот регион. “Разговорите не беа лесни, но убеден сум дека заедничките проблеми можеме да ги решаваме низ разговори”, рече Вучиќ.

Албанскиот премиер во посета на Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00

Било разговарано и за економската соработка, како и за неколку меѓусебни спогодби. Двајцата премиери се договориле да биде усвоена спогодба за меѓусебно минување на границите само со лични карти, како и за размена и соработка на млади од двете држави.

Покрај Белград, албанскиот премиер Еди Рама ќе го посети и Прешево, на југот на Србија, каде што живеат албанци.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG