Достапни линкови

Кратко време за прочистување на избирачкиот список


Посредникот Питер Ванхаут.
Посредникот Питер Ванхаут.

Само со добра организираност може да се стигне да се прочисти избирачкиот список до претстојните избори во април, но треба да се земе предвид дека ќе има и пречки, така што роковите се прекратки.

Додека сè уште е отворено прашањето како ќе се прочистува избирачкиот список, а на маса се двете опции и за теренска проверка и за активна регистрација, амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Суомалајнен оценува дека и покрај краткото време што останува до изборите, постои можност за подобрување на списокот.

Ако подготовките започнат сега, многу е можно да се заврши на време пред изборите.
Нина Суомалајнен, амбасадорка на ОБСЕ во Македонија.

„Јас нема да заземам став во однос на ова прашање, но исто така со добро реорганизирање и ревизија на избирачкиот список каков што е сега и со помош на експерти можно е да се подобри списокот, да се отстранат грешките, да нема дупликати итн. Ако подготовките започнат сега, многу е можно да се заврши на време пред изборите“, вели Суомалајнен.

Краен рок за договор за измените во врска со изборниот процес е шести октомври, па на работната група и остануваат уште четири дена да ги договори сите работи поврзани со него, вклучувајќи го и начинот на кој ќе се прочистува списокот. Според професор, Темелко Ристески до изборите на 24 април има време за да се средат работите, но само во услови на добра организираност, што, според него, недостига во државата.

Може да се заврши, меѓутоа за жал нашите луѓе не се такви, ќе има пречки, ќе има разни минирања на работата со цел да се постигнат одредени интереси кај учесниците во трката за добивање на гласови кај политичките партии и групации, така што времето од неколку месеци, колку што остануваат до април, до кога треба да се заврши работата, мислам дека е кратко.
Темелко Ристески, универзитетски професор.

„Може да се заврши, меѓутоа за жал нашите луѓе не се такви, ќе има пречки, ќе има разни минирања на работата со цел да се постигнат одредени интереси кај учесниците во трката за добивање на гласови кај политичките партии и групации, така што времето од неколку месеци, колку што остануваат до април, до кога треба да се заврши работата, мислам дека е кратко“, вели Ристески.

Покрај прочистувањето на избирачкиот список, работната група треба да се договори и за гласање на дијаспората, медиумското претставување за време на изборите, одвојување на владејачката партија од државата, финансирање на кампањата и неколку други теми.

Во интервјуто што ќе во целост ќе го емитуваме в недела, амбасадорката на ОБСЕ вели и дека без разлика што се менува, промената не треба да се случи непосредно пред избори.

„Обично треба да има една година, но секако во некои држави е можно тоа да се оствари и за 6 или 8 – 9 месеци пред изборите. Во нормални услови важно е кога изборите наближуваат да се знае кои се законите, кои се процедурите за спроведување на избори итн. Исто така, важен принцип е независноста и неутралноста на институциите кои ги спроведуваат изборите, без разлика дали се работи за национални или локални“,

вели Суомалајнен, кога во разговорот зборува и за мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за престојните избори, меѓуетничките односи, бегалско мигрантскиот бран.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG