Достапни линкови

Што ќе биде главна тема на средбата Обама, Путин?


Што ќе биде главна тема на средбата Обама, Путин?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Што ќе биде главна тема на средбата Обама, Путин?

Претседателите на Соединетите Држави и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, идната недела во Њујорк ќе се сретнат на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Тоа ќе биде нивна прва директна средба по заладувањето на односите меѓу двете земји поради Украина и Сирија.

Белата куќа соопшти дека Украина ќе биде за Обама на врвот на темите на планираната средба.

Видете, претседателот Путин ја побара средбата. Мислам дека поради загриженоста за некои прашања е разумно претседателот Обама да седне со неговиот колега за да види дали може да добие појасни одговори за руските намери во Украина и да ја нагласи важноста од почитување на мировниот договор од Минск.
Џош Ернст, портпарол на Белата куќа.

Неа исто така ја потврди и Кремљ, кој пак, соопшти дека главен фокус ќе биде ставен врз Сирија, каде што Русија во последно време го зголемува нејзиното воено присуство со борбени авиони и друга помош за сирискиот претседател Башар ал Асад.

Кремљ во изминативе недели постојано бараше средба меѓу двајцата лидери, но американската администрација се колебаше.

Според портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, до средбата ќе дојде по обраќањето на Путин на Генералното собрание на Обединетите нации.

Доколку Русија се бори против милитантите на Исламската држава во Сирија, тогаш Соединетите Држави и Русија би можело да соработуваат.
Еш Картер, американски секретар за одбрана.

Иако Кремљ соопшти дека средбата била заеднички организирана, портпаролот на Белата куќа Џош Ернст стави јасно до знаење дека до овој состанок доаѓа на барање на Путин.

Тој сугерираше дека руските економски тешкотии, делумно и поради меѓународните санкции, биле главната причина за загриженоста на Путин.

„Видете, претседателот Путин ја побара средбата. Мислам дека поради загриженоста за некои прашања е разумно претседателот Обама да седне со неговиот колега за да види дали може да добие појасни одговори за руските намери во Украина и да ја нагласи важноста од почитување на мировниот договор од Минск“, изјави Ернст.

Овој договор беше постигнат од лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција во февруари годинава.

Што се однесува до Сирија, Ернст изјави дека Обама ќе го искаже американското неодобрување на руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, пак, инсистираше дека токму Сирија ќе биде на врвот на агендата. Запрашан дали ќе се разговара и за Украина, тој изјави:

„Ако дозволи времето“.

Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Еш Картер рече дека Соединетите Држави се загрижени оти Русија би можело да ги нападне умерените сириски бунтовници кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Доколку Русија се бори против милитантите на Исламската држава во Сирија, тогаш Соединетите Држави и Русија би можело да соработуваат“, изјави тој.

Пред неговото заминување за Њујорк, Путин во интервју за „Си Би Ес њуз“ изјави дека Американците не би требало да размислуваат за него како за автократски цар.

Запрашан на што најмногу им се восхитува на Соединетите Држави, Путин одговори дека тоа е „креативноста“.

„Нивната отвореност која им дозволува да го ослободат внатрешниот потенцијал на нивниот народ. И благодарение на тоа, Америка има такви прекрасни резултати во напредокот на земјата“, рече Путин.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG