Мигрантската криза може да ја промени демографската слика во Македонија, вели поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски. Според него, ова е едно од клучните прашања, бидејќи никој не може да каже колку од овие луѓе би останале во земјава.
Може да се случи и мислам дека ќе се случи. Се надевам дека нема да биде во поголем обем како тоа што се случи по 2001 година. Ако влезат 100 или 200 луѓе во држава како што е Англија или Германија со 80 милиони, тоа не е некој голем проблем. Во Македонија 1000 луѓе веќе прават сериозен проблем бидејќи ние сме мала популација и имаме 2 милиони население.Трајан Гоцевски, универзитетски професор.
„Може да се случи и мислам дека ќе се случи. Се надевам дека нема да биде во поголем обем како тоа што се случи по 2001 година. Ако влезат 100 или 200 луѓе во држава како што е Англија или Германија со 80 милиони, тоа не е некој голем проблем. Во Македонија 1000 луѓе веќе прават сериозен проблем бидејќи ние сме мала популација и имаме 2 милиони население. Секоја група, без разлика можеби по бројка не е голема, особено ако се има во предвид дека официјално е спомнато дека внатре има 1-2 отсто борци на ИСИС. Затоа тоа е сериозна работа“, вели Гоцевски.
Тој посочува дека армијата треба дополнително да се оспособува за вакви ситуации.
Тогаш за 48 часа бројот на население се зголеми за 14,77 отсто. Тоа значи една Канада на население да и додадете на Америка, тогаш и тие ќе имаат проблем.Марина Митревска, универзитетски професор.
„Ние имаме неколку специјални единици кои се на многу високо ниво. Ако обемот се проширува не сум убеден дека ќе можеме да излеземе на крај, особено ако се има предвид конфигурацијата и должината на нашите граници. Самата конфигурација на теренот е таква што има делови што не може да се контролираат и не може херметички да се затвори границата“, вели Гоцевски.
Марина Митревска, професор на Институтот за одбрана во Скопје, вели дека Македонија ја научи, но брзо ја заборави лекцијата од косовската бегалска криза.
„Тогаш за 48 часа бројот на население се зголеми за 14,77 отсто. Тоа значи една Канада на население да и додадете на Америка, тогаш и тие ќе имаат проблем ако за 48 часа им го зголемите бројот на население. Но, тука е капацитетот на државата бидејки менаџирањето на оваа бегалска криза е скапо. Мора државата сама да се организира и да бара помош од институциите како што е ЕУ, Обединети нации, за да ја добиеме и финансиската помош, за да се справиме побезболно, бидејки оставени сами на себе ќе биде многу тешко. Тоа ќе значи и финансиско оптоварување за буџетот на Македонија“, вели Митревска.
Во Охрид деновиве се одржуваше меѓународна конференција посветена на новите безбедносни закани.