Достапни линкови

Наместо социјален дијалог, социјален монолог


Одредени синдикати се жалат дека во земјава нема социјален дијалог и дека на маса седат луѓе кои не ги интересира социјалната класа.

Државата е најголемиот работодавач во Македонија смета првиот човек на Унијата на независни синдикати на Македонија, Слободан Антовски. Според него во земјава не постои социјален дијалог. Ова тој го кажа во рамките на регионалната конференција која се одржуваше во Охрид, на тема „Јакнење на социјалниот дијалог – оформување на европска интеграција, специјален проект за работничките организации до Западен Балкан“.

Партнерите кои што треба вистински да го спроведуваат социјалниот дијалог, го спроведуваат некои други, не тие кои вистински треба да седнат на маса и затоа работите ни се тие кои што се.
Слободан Антовски, Унија на независни синдикати на Македонија.

„Партнерите кои што треба вистински да го спроведуваат социјалниот дијалог, го спроведуваат некои други, не тие кои вистински треба да седнат на маса и затоа работите ни се тие кои што се. На сите нивоа се чувствува негативноста од неможноста да се спроведе социјалниот дијалог. Кога седнуваат на маса структури кои што очигледно не им е до работничката класа и затоа сме и во ситуација во која што сме“, вели Антовски. Тој додава дека поради сето ова младите заминуваат од татковината.

„Затоа ние имаме млади кои ја напуштаат државата и кои не сакаат да завртат глава назад. Луѓе кои се со иден потенцијал за државата. Младите луѓе кои завршуваат факултети единствена опција им е да побегнат од државата. Не затоа што можеби и ќе најде работа, но никој не сака да работи за таа минимална плата која не им нуди ништо повеќе освен гол живот. Затоа социјалниот дијалог како можност за просперитет на одредени состојби и во државата не функционира. Тоа го знаат и западните држави. Единствениот начин да се дојде до некаков благодет покрај можеби за некој е мисловната именка, покрај политичките случувања во државата е да се дојде до некаков просперитет“.

Ние можеме таа жалба да ја подржиме и да кажеме дека лично се убедивме дека работите не одат добро.
Константин Тренчев, потпретседател на Европската конфедерација на синдикати.

Константин Тренчев, потпретседател на Европската конфедерација на синдикати смета дека поплаките што имал можност да го слушне на конференцијата дека во Македонија некои синдикати се толерираат треба да се обжалат до Меѓународната организација на трудот, каде би се укажало на состојбите во државата.

„Ние можеме таа жалба да ја подржиме и да кажеме дека лично се убедивме дека работите не одат добро. Јас можам да ја запознам Европската конфедерација на синдикатите каде што сум заменик претседател, таа како организација да го подржи и проблемот да се разгледа во Женева и да дојде делегација тука односно експерти од Женева да разговараат со сите синдикати, со Владата, со претпријатијата. Потоа да напишат извештај кој секоја година се чита во Женева“, вели Тренчев.

Дивна Змејкоска потпретседател на УНАСМ вели дека во сите држави од Западен Балкан е утврдено дека помалку или повеќе се одвива социјален монолог.

XS
SM
MD
LG