Достапни линкови

Сирија и Ирак пред распаѓање како држави


Сирија и Ирак ќе се распаднат како држави
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Сирија и Ирак ќе се распаднат како држави

Шефовите на американските разузнавачки служби ги повторија нивните проценки дека Ирак и Сирија ќе бидат поделени поради војните и секташките судири и затоа можеби нема да преживеат како држави. Според нив, Блискиот Исток во наредните десет или дваесет години ќе претрпи големи измени.

Генерал полковник Винсет Стјуарт, шеф на американското воено разузнавање, изрази уверување дека Ирак ќе биде поделен на три посебни региони меѓу Курдите, сунитите и шиитите.

„Не гледам дека тие повторно би биле заедно“, изјави тој на една индустриска конференција во Вашингтон, потенцирајќи го и фактот дека големи делови од Ирак и Сирија биле освоени од милитантите на Исламската држава.

Винсент Стјуарт
Винсент Стјуарт

Оваа милитантна организација има под своја контрола една третина од територијата на северен и западен Ирак и околу една третина од територијата на истокот на Сирија, каде што прогласи радикален сунитски калифат.

Проблем е и тоа што Ирачаните и Сиријците сега почесто се идентификуваат според племенската и верската припадност, а не според нивната национална припадност. Мислам дека Блискиот Исток во наредните десет или дваесет години ќе претрпи големи измени.
Џон Бренан, директор на ЦИА.

Во меѓувреме, ирачките Курди во нивниот полуавтономен регион во северен Ирак се на линијата на фронтот во обид да ги задржат милитантите на Исламската држава да продрат на нивна територија.

„Ирак очигледно се распаѓа“, изјави курдскиот лидер Масуд Барзани, најавувајќи дека тие не би сакале веќе да бидат дел од ирачката влада.

„Не го предизвикаме колапсот на Ирак. Тоа го сторија други и ние не треба да бидеме заложници на таквата ситуација“, додаде Барзани.

Со иста оценка е и генерал полковникот Стјуарт, кој, пак, додава дека слична судбина ја чека и Сирија.

„Тоа не е американска цел, но таквата можност постои“, рече тој.

На истата конференција говореше и шефот на ЦИА Џон Бренан кој нагласи дека границите на Ирак и на Сирија и натаму важат, но оти властите ја губат контролата врз нив од милитантите на Исламската држава.

„Проблем е и тоа што Ирачаните и Сиријците сега почесто се идентификуваат според племенската и верската припадност, а не според нивната национална припадност. Мислам дека Блискиот Исток во наредните десет или дваесет години ќе претрпи големи измени“, изјави Бренан.

Џон Бренан, директор на ЦИА
Џон Бренан, директор на ЦИА

Ирак и Сирија беа вештачки создадени од британски и француски дипломати во предвечерјето на Првата светска војна кога се распадна Отоманската империја.

И во двете држави постојат заедници на сунитите, шиитите и Курдите.

Ирак е воден од шиитска влада која има доминантни врски со Иран, додека во владата на Башар ал Асад во Сирија преовладуваат шиитите познати како Алавити.

Официјалната политика на администрацијата на американскиот претседател Обама е дека Ирак и Сирија остануваат меѓународно признати национални држави.

Претставници на администрацијата се противат на повиците да се испрати оружје директно за Курдите, кои им се лојален сојузник на Соединетите Држави во борбата против ИД.

Администрацијата инсистира на тоа дека оружјето за Курдите треба да оди преку владата во Багдад.

Во 2006 година, тогашниот сенатор Џо Бајден беше за поделба на Ирак во три автономни етнички зони со ограничена улога на централната влада.

Во Сирија, владата на Асад се потпира на поддршката од Русија, оставајќи ја земјата поделена меѓу владата, бунтовниците и милитантите на Исламската држава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG