Достапни линкови

Бан Ки Мун: Сирија е колосална трагедија


Бан Ки Мун: Сирија е колосална трагедија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Бан Ки Мун: Сирија е колосална трагедија

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун оцени дека конфликтот во Сирија е колосална трагедија и срамен симбол на меѓународните поделби кои доведоа до денешната бегалска криза. Пресудата на историјата ќе биде остра, изјави тој.

Бан Ки-мун го повика Советот за безбедност да ги преземе неопходните мерки за завршување на конфликтот во Сирија.

Во изминативе денови тој разговарал со лидерите на Австрија, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Полска и Словачка и побарал од нив да бидат „глас на оние на кои им е потребна заштита и брзо да најдат заедничко решение за нивните основи проблеми“.

Според Бан Ки-мун, луѓето бегаат од војнии насилства и затоа имаат право да бараат азил.

Во исто време, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш оцени дека бројот на бегалци во светот ќе се зголемува доколку не бидат запрени и спречени конфликтите.

Се соочуваме со исклучителни околности, и затоа ни е потребен исклучителен одговор. Со вообичаено дејствување како досега или со поединечно подобрување на сегашните механизми нема да можеме да се справиме со она што ни се случува денес: масовна бегалска и мигрантска криза во Европа.
Антонио Гутереш, висок комесар на ОН за бегалци.

Според него, недостигот на организација и крајно нефункционалниот систем за добивање азил доведоа до интензивирање на бегалската криза во Европа, каде што секојдневно стигнуваат неколку илјади луѓе.

„Зборуваме за 4 до 5 илјади лица дневно во Унијата која има над 500 милиони жители. Досега имаме 300 илјади кои го минаа Медитеранот, што е помалку од еден на илјади Европејци. Во Либан има бегалци колку една третина од популацијата на таа земја“, изјави тој на прес конференцијата во Париз.

Сирискиот конфликт принуди над 4 милиони луѓе да ја напуштат земјата, додека над 7,5 милиони да бидат внатрешно расселени.

Гутереш проценува дека проблемот со бегалците нема да исчезне наскоро, делумно поради војната во Сирија, но и поради порастот на бројот на нови кризи, додека старите, како што рече, „изгледа дека никогаш нема да исчезнат“.

„Нема причини да бидеме оптимисти кога е во прашање присилно расселување во светот. Конфликтот во Сирија не е единствен, секако е најголем и е најблиску до Европа. Но, доколку не се преземат ефективни мерки за решавање на кризите мислам дека проблемот со бегалците ќе се зголемува во наредните години“, рече Гутереш.

Тој побара легални патишта за бегалците во Европа и поголема финансиска поддршка за агенциите на Обединетите нации кои се ангажирани во помошта на бегалците.

„Се соочуваме со исклучителни околности и затоа ни е потребен исклучителен одговор. Со вообичаено дејствување како досега или со поединечно подобрување на сегашните механизми нема да можеме да се справиме со она што ни се случува денес: масовна бегалска и мигрантска криза во Европа“, изјави високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG