Достапни линкови

Македонија очекува европска помош за справување со мигрантите


Мигрантите контролирано и непречено транзитираат низ Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Мигрантите контролирано и непречено транзитираат низ Македонија

Досега ЕУ обезбеди речиси 100 илјади евра хуманитарни средства за Македонија кои беа наменети за Црвениот крст да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци. Дополнително, Брисел најави дека осум милиони евра ќе има за Македонија, за Србија и за Турција како помош за справување со бегалците, а дека тие ќе може да се користат од идниот месец. Македонските власти оценија дека помошта од ЕУ досега е симболична.

Македонија постојано бара помош од Европската унија за справување со бранот мигранти и очекува да ја добие, велат од Министерството за надворешни работи на прашањето дали земјава побарала и добила конкретна финансиска помош од унијата.

Исто така обезбедуваме некаква финансиска поддршка за Министерството за внатрешни работи за да им овозможиме да ангажираат дополнителни податоци и луѓе за процесот на регистрација. Работиме и со Црвениот крст и му даваме финансиска поддршка.
Александра Краус, заменик претставник на УНХЦР за Македонија.

Досега Европската унија обезбеди речиси 100 илјади евра хуманитарни средства за Македонија кои беа наменети за Црвениот крст да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци. Дополнително, Брисел најави дека осум милиони евра ќе има за Македонија, за Србија и за Турција како помош за справување со бегалците, а дека тие ќе може да се користат од идниот месец.

Од друга страна, македонските министри постојано посочуваат дека земјава со мигрантите се справувала речиси сама, а шефот на дипломатијата Никола Попоски ја нарече помошта од ЕУ симболична. УНХЦР, пак, упати апел до Унијата за помош на Македонија и на Грција. Светската агенција за помош на бегалците веќе е присутна на терен во земјава. Александра Краус, заменик претставник на УНХЦР за Македонија, вели дека Агенцијата ѝ дава поддршка на владата на различни нивоа. Обезбедуваме технички експерти кои работат на лице место, а имаме и други тимови кои помагаат, нагласува Краус.

Идејата е заедно со Владата, со агенциите на ОН, со заинтересираните страни, со невладините и граѓанските организации, да ги разгледаме можните сценарија, како ситуацијата може да се развива и да направиме оперативен план каков треба да биде одговорот во случај на различни сценарија.
Александра Краус, заменик претставник на УНХЦР за Македонија.

„Исто така обезбедуваме некаква финансиска поддршка за Министерството за внатрешни работи за да им овозможиме да ангажираат дополнителни податоци и луѓе за процесот на регистрација. Работиме и со Црвениот крст и му даваме финансиска поддршка“, вели Краус за Радио Слободна Европа.

Таа нагласува и дека работат и со владата и оти во почетокот на идната недела ќе одржат заедничка работилница.

„Идејата е заедно со Владата, со агенциите на ОН, со заинтересираните страни, со невладините и граѓанските организации, да ги разгледаме можните сценарија, како ситуацијата може да се развива и да направиме оперативен план каков треба да биде одговорот во случај на различни сценарија“, вели Краус.

Македонската влада досега не излезе со конкретна вкупна сума колку троши за мигрантскиот бран. Единствената конкретна бројка ја посочи полицискиот портпарол Иво Котевски кој рече дека дополнително ангажирање на полицијата во граничните појаси ја чинело МВР околу 800 илјади евра месечно.

Бегалците, пак, додека се во Македонија, при патувањето од Гевгелија до Табановце, превозот си го плаќаат сами, а цената зависи од тоа дали одат со воз, автобус или такси. Храна за нив обезбедуваат меѓународните организации и граѓанските активисти, а доколку одлучат нешто да си купат сами за тоа често даваат и повеќе пари од вообичаеното бидејќи на местата на кои се собираат локалното население на импровизирани тезги им продава основни производи по неколку пати повисоки цени.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG