Достапни линкови

Изгор цени за мигрантите


Мигрантите непречено влегуваат на српска територија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00

Мигрантите непречено влегуваат на српска територија

Локалните трговци на тезги им продаваат на бегалците, вода, цигари овошје и друга храна по неколкупати повисоки цени.

Шестотини денари ако одат со воз од Гевгелија до Табановце, ако одат со автобус од 750 денари па нагоре, а со такси не се знае колку ќе се договорат со возачот, но сумата речиси секогаш е поголема од вообичаената. На железничката станица, пак, е вистински пазар. Локалните трговци на тезги им продаваат на бегалците, вода, цигари овошје и друга храна по неколкупати повисоки цени. За мигрантите кои доаѓаат во Македонија активистот од Легис Јасмин Реџепи вели дека ништо не е бесплатно.

Исто така тие имаат можност да застанат на бензинските пумпи, да купат да јадат уште нешто или ако имаат некаква друга каква било потреба, па еден мигрант минимум остава по педесетина евра дневно во Македонија.
Јасмин Реџепи, активист.

„Исто така тие имаат можност да застанат на бензинските пумпи, да купат да јадат уште нешто или ако имаат некаква друга каква било потреба, па еден мигрант минимум остава по педесетина евра дневно во Македонија. Значи превозот воопшто не е бесплатен, сместувањето, односно тие што сакаат да останат по хотели не е бесплатно. Бесплатно е здравството, значи оние што имаат проблеми и мора да завршат во болница, според меѓународните закони таквите се сметаат за баратели на азил и здравството за нив е бесплатно“, вели Реџепи, кој постојано е на терен со нив и дели хуманитарна помош.

Од друга страна, пак, на границата од кога е прогласена кризната состојба се испратени војници и полицајци. Портпаролот на МВР Иво Котевски на минатонеделната прес конференција рече дека дополнително ангажирање на полицијата на границата ја чинело државата месечно околу 800 илјади евра. Неколкумина министри веќе побараа европска помош за справување со проблемот.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование, објаснува дека парите за оваа ситуација треба да се побараат од Европската унија и од другите организации како на пример УНХЦР.

Ние сме познати по лошо или слабо искористување на странската помош.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

„Србија веќе побара и доби одредени средства, можеби не се доволни, но ги доби, прашање е Македонија дали воопшто побарала и на кој начин се обратила до овие меѓународни организации. Ние сме познати по лошо или слабо искористување на странската помош, да не заборавиме дека само една третина од ИПА фондовите е искористена, значи најголем дел се неискористени, па дури може да биде предлог дел од тие пари кои секако ќе пропаднат, наместо да ги враќаме можеме да побараме, иако тоа не е редовна процедура тие средства да одат за помош на Македонија за справување со бегалската криза“, вели Маричиќ.

Инаку досега Брисел најави дека осум милиони евра ќе има за Македонија, за Србија и за Турција како помош за справување со бегалците, а дека тие ќе може да се користат од септември.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG