Децата од детската градинка „Јасна Ристеска“ се солидаризираа со своите врсници од Тетово, кои беа погодени во неодамнешните поплави во овој регион. Тие заедно со своите родители и персоналот од градинката како дел од проектот „Од дете за дете“ собраа поголема количина на облека и обувки за децата од тетовско, како и вода за пиење. Овој убав гест им се врати исто така со убав гест. Мирка Милеска наша иселеничка во Холандија за детската градинка во Охрид донираше маси и столчиња, а најави дека помошта ќе продолжи и понатаму. Се надева дека дала свој придонес за децата во Охрид.
Слабост ми се децата, школите и сакам да придонесам нешто за нив. Слушнав од директорката дека имаат потреба и од многу други работи. Во друга прилика мислам дека ќе се потрудиме уште повеќе да донесиме и други работи.Мирка Милеска, македонска иселеничка во Холандија.
„Јас сум Македонка и ќе останам Македонка, иако живеам во Холандија. Слабост ми се децата, школите и сакам да придонесам нешто за нив. Слушнав од директорката дека имаат потреба и од многу други работи. Во друга прилика мислам дека ќе се потрудиме уште повеќе да донесиме и други работи“, вели Милевска.
Помошта пристигнала со посредство на Охридскиот црвен крст.
Мимоза Ставрова од Црвен крст Охрид вели дека секогаш кога има потреба тие стојат на располагање.
Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа донација не е за прв пат. Таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува.Розе Костоска, директорка на градинката „Јасна Ристеска“ во Охрид.
„Се надевам дека на градинката ќе и овозможиме барем малку помош со оваа донација. Ние тука сме да помогнеме во добивањето на потребните дозволи од соодветните министерства за секоја добронамерна донација за да стигне во вистинските раце во нашиот град, Ставрева.
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, вели дека оваа помош е од големо значење за децата.
„Клупите и столчињата и се она што оди со тоа што е од огромна помош за сите деца. Се надевам дека оваа ќе биде во корист на дечињата од градот Охрид“, рече Јанев.
Директорката на градинката, Розе Костоска, вели дека секоја помош од дијаспората е добредојдена.
„Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа донација не е за прв пат. Таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува и се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи и понатаму и дека нашите дечиња ќе имаат можност да уживаат во благодетите кои што нашите македонци од дијаспората секогаш ги даваат за дечињата во нашите градинки и училиштата. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму“, рече Костеска.