Нема ниту услови, ниту политичка клима во периодов во Македонија да се спроведе попис на населението, велат аналитичарите по најавата на премиерот Никола Груевски дека во земјава ќе се спроведува попис по електронски пат.
Имаше еден неуспешен обид за попис во едни многу мирни политички состојби и не успеа да се изведе, а не сега кога практично сè е блокирано и кога сите сили се концентрирани кон спроведување на јунскиот договор. Сега се наметнува една тема која апсолутно мислам дека е обид за дефокусирање на политички актери од основната агенда и која само би останала во сферата на разговори и преговори и шпекулации, а не би имало никаков ефект.Насер Зибери, поранешен пратеник.
Според аналитичарот Насер Зибери, тоа во моментов не е приоритетно прашање, оти, како што вели, државава се наоѓа во длабока криза, има агенда и договор кој треба да го спроведе и сите сили, како што додава, треба да бидат концентрирани на тоа.
„Имаше еден неуспешен обид за попис во едни многу мирни политички состојби и не успеа да се изведе, а не сега кога практично сè е блокирано и кога сите сили се концентрирани кон спроведување на јунскиот договор. Сега се наметнува една тема која апсолутно мислам дека е обид за дефокусирање на политички актери од основната агенда и која само би останала во сферата на разговори и преговори и шпекулации, а не би имало никаков ефект“, вели Зибери.
Пред изборите кои треба да се одржат следната година од математичка гледна точка нема време да се спроведе пописот. Не знам што мислеа кога велеа дека ќе набават некакви софтверски програми со кој ќе може да се прави пописот.Никола Дујоски, универзитетски професор.
Инаку во 2011 година државата почна со спроведување на најголемата статистичка операција, но процесот беше запрен поради ненадминливите разлики во толкувањето на методологијата на попишување, односно, како што појаснија, членот во кој се регулира кој сè може да биде попишан. Поради вакви причини членовите на Државната пописна комисија тогаш си поднесоа неотповиклива оставка, а политичарите до минатата недела молчеа за евентуално спроведување попис. Професор Никола Дујовски вели дека подготовките за пребројувањето на населението во сериозните држави од демократскиот свет траеле и по неколку години.
„Пред изборите кои треба да се одржат следната година од математичка гледна точка нема време да се спроведе пописот. Не знам што мислеа кога велеа дека ќе набават некакви софтверски програми со кој ќе може да се прави пописот, но тој пред сè е теренска операција од врата на врата која мора да се спроведе на еден или друг начин за да се провери тоа коешто би го утврдило софтверот. Ако сакаме сериозен попис кој ќе даде реална слика на сегашната состојба на населението во државата потребна е подготовка од многу долг временски период“, вели Дујовски.
Груевски минатата недела на седницата за пратенички прашања рече дека подготовките за пописот се во тек и дека покрај електронското поврзување на евиденцијата, се анализирал и начинот на теренско собирање на податоците. Од ДУИ потоа за некои медиуми брифираа дека за тоа воопшто не било разговарано меѓу коалициските партнери, туку се работело за идеа на ВМРО-ДПМНЕ.