Достапни линкови

СДСМ - Невладините таргет на тајните служби


Прислушувани биле и десетина граѓански организации, рече Зоран Заев, но за разлика од претходните „бомби“, тој денеска не објави аудио снимки од прислушуваните разговори.

Во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков биле најмалку десет активни граѓански организации, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција. На неа сепак тој за разлика од претходните прес конференции на кои ги објавуваше т.н. бомби не пушти аудио снимки со објаснување дека граѓанскиот сектор бил еден од носечките столбови на демократската јавност и должност на сите било да го почитуваат тоа.

Ова се разговори што јас сум ги водела со новинари од независните медиуми кои не се под директна контрола на владејачката партија.
Виолета Глигоровска, Фондацијата Отворено општество.

Меѓу прислушуваните тој ги наброја првите луѓе и активистите на НВО Инфоцентарот, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фондацијата отворено општество, Цивил, Ајде, Форум, Македонскиот центар за европско образование, Плоштад Слобода, Метаморфозис.

На присутните претставници од невладините организации им беа поделени и папки, а дел од нив ја потврдија автентичноста.

„Ова се разговори што јас сум ги водела со новинари од независните медиуми кои не се под директна контрола на владејачката партија. Разговорите се однесуваат на истражувачки проекти и можности за финансирање од страна на фондацијата за медиумите во кои работат “, рече Виолета Глигоровска од Фондацијата Отворено општество.

Нема никаков калкулантски однос. Ги повикувам има начин да направат чекор, да ја напуштат владата и ќе падне Груевски. Не мора да го чекаат Груевски да го направи чекорот. Ако не се соучесници нека го направат чекорот.
Зоран Заев, СДСМ.

Ова се само дел од организациите за кои што се комплетирани материјалите, рече шефот на СДСМ нагласувајќи дека бројот на прислушувани е поголем и дека кога ќе биле составени нови папки ќе им биле предадени на претставниците на граѓанските организации.

Во контекст на преговорите за надминување на кризата Заев, пак, рече дека за нив не е прифатливоизборите да ги организира Никола Груевски.

„Ако падне предлог од кого било од присутните, а се однесува за човек кој не е веќе инкриминиран со сите овие докази и аргументи кои што ние ги споделивме или постојат по друг основ инкриминирачки дејанија врзани со тоа име е вредно за разговори и се надевам ќе биде прифатливо од сите без разлика од кој ќе биде дадено за да биде прв човек на таквата влада што ќе ги организира и ќе ги подготви изборите што треба да се одржат најдоцна во април 2016 година“, рече Заев.

На прашањето пак дали тактизираат со објавувањето на материјали поврзани со ДУИ тој негираше дека има какво било пазарење оти како што додаде коалициите ги дефинирале граѓаните на избори.

„Нема никаков калкулантски однос. Ги повикувам има начин да направат чекор, да ја напуштат владата и ќе падне Груевски. Не мора да го чекаат Груевски да го направи чекорот. Ако не се соучесници нека го направат чекорот“, рече Заев кој повторно нагласи дека имаат материјали поврзани со случајот Монтсрум, пропаднатиот попис, затворањето на А1 телевизија. Тој додаде и дека ако во меѓувреме се постигне договор, јавноста немало да биде скусена за како што рече вистината, оти преку институциите ќе се дознаело за сѐ.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG