Достапни линкови

На поплавеното Тетово му е потребна помош


Екипи на терен расчистуваат по синоќешните поплави и лизгање на земјиштето во тетовско. Се трага по исчезнатите. Властите и на локално и на државно ниво состанчат за натамошните чекори. Се прави увид на терен и се пресметуваат штетите.

Локалните власти во Тетово на вонредна седница ги утврдија понатамошните чекори. Општината формираше итен штаб од претставници на локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата, Секторот за внатрешни работи во Тетово и претставници на месните заедници од регионите погодени од поплавите. Совет на општината на денешната вонредна седница одлучи да се прогласена кризна состојба, а 5 и 6 август да се прогласат за денови на жалост. Локалните власти предложија и да се даде парична помош за семејствата на настраданите и за погодените од поплавите. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи на својот фејсбук профил ги повика сите оние што сакаат да помогнат да остават храна, вода и хигиенски пакети на пунктот кој е лоциран пред зградата на Општината.

Центарот за јавно здравје во Тетово, пак, ќе ја следи состојбата со исправноста на водата за пиење и поплавените улици.
Нурхан Изаири, министер за животна средина.

Владата на вонредна седница одлучи да им се даде еднократна парична помош од по 30.000 денари на погодените семејствата. Специјална Комисија ќе ја проценува состојбата со оштетените имоти на терен. Во невремето според првичните проценки, значително се оштетени околу 200 објекти.

Ќе биде отворена и посебна сметка за донации за помош, а формирано е и координативно тело кое ќе ги менаџира активностите што ќе следат за справување со последиците од невремето.

„Центарот за јавно здравје во Тетово, пак, ќе ја следи состојбата со исправноста на водата за пиење и поплавените улици“, рече министерот за животна средина Нурхан Изаири.

Според сознанијата на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Тетово, состојбата во овој регион е алармантна, наносите на вода и големиот ветер предизвикаа големи штети. За помош на оваа состојба Дирекцијата за заштита и спасување ангажира 12 багери и девет камиони од околни фирми во тој регион. Сите вработени во подрачното одделение се излезени на терен и се следи состојбата.
Ласко Мукаетов, Дирекција за заштита и спасување.

Механизација ги расчистува погодените региони, вели Ласко Мукаетов од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Според сознанијата на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Тетово, состојбата во овој регион е алармантна, наносите на вода и големиот ветер предизвикаа големи штети. За помош на оваа состојба Дирекцијата за заштита и спасување ангажира багери и девет камиони од околни фирми во тој регион. Сите вработени во подрачното одделение се излезени на терен и се следи состојбата. Ако има потреба ќе се ангажирани дополнителна механизација и човечки сили во овој регион.

Се уште е рано да се утврдат материјалните штети од овој дожд, а проценки за идни штети ги прави секоја општина одделно, вели Мукаетов.

Од Дирекцијата за заштита и спасување соопштуваат дека до овој момент во регионот на Тетово има ангажирано 10 припадници на републичките сили како и 15 багери, 14 камиони и 17 пумпи за вода во справувањето со последиците од невремето. Од пумпите за вода активирани се 2 во Болницата во Тетово, а останатите се подготвени за да може да се активираат во секој момент. Активираната механизација и пумпи се од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, соопштуваат од Дирекцијата. До критичните места доставена е вода за пиење.

Од Град Скопје соопштуваат дека испратиле луѓе, механизација и техничка помош за справување со поплавите. Соседната општина Гостивар понуди помош. Испратиле камиони и градежни машини за расчистување на теренот. Погодениот регион го посети и претседателот на ЗЕЛН и градоначалник на Скопје, Коце Трајновски. Синоќа во посета на тетовско беше и владина делегација. Поплавите однесоа животи, има повредени и материјална штета, велат од СВР Тетово.

Невремето покрај другото придонесе да се излијат и повеќе реки покрај подножјето на Шар Планина, да се прекине сообраќајот на голем број патишта на подрачјето, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти, дворови, автомобили.
Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

„Во вчерашното невреме и елементарна непогода со тешки повредени се здобиле 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се задржани во Тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени дел се пуштени на домашно лекување. Невремето покрај другото придонесе да се излијат и повеќе реки покрај подножјето на Шар Планина, да се прекине сообраќајот на голем број патишта на подрачјето, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти, дворови, автомобили“, вели портаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски..

Тој вели дека полицијата ги следи состојбите и се вклучени во отстранување на последиците од вчерашното невреме.

Надојдените води затрупаа патишта, оштетија мостови. Патниот правец Тетово – Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Поради излевање на река во с. Доброште, во прекин е регионалниот пат Тетово - Јажинце и обратно. Поради надојдена вода на Вратничка Река, целосно е оштетен мостот кој ги поврзува селата г. Орашје и Нераште.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG