Достапни линкови

И на одмор скришно


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Практиката на македонските политичари да не објавуваат каде го поминуваат годишниот одмор се должи на тоа што за себе сакаат да испратат слика на скромни луѓе.

Иако премиерот и министрите, како и сите граѓани кои потпишале договори за вработување, имаат право на 20 работни денови платен годишен одмор, од службата за односи со јавност на Владата не ни одговорија дали министрите доставиле список во Владата кога и каде ќе одат на одмор.

Добра пракса би било да ги кажат плановите за заминување на одмор, но истовремено најавувајќи ги своите активности по враќањето. Она што мислам дека е потребно е искрен е искрен и отворен настап кон јавноста, без да се нуди погрешна слика на скромност со цел да се стекне поголема доверба кај граѓаните.
Марина Тунева, експерт за односи со јавност.

Вообичаено е јавноста да има интерес да знае каде вршителите на јавните функции го поминуваат годишниот одмор, дали престојуваат во скапи хотели или на атрактивни плажи. Затоа и нормално е што деновиве на интернет порталите и на социјалните мрежи со голема брзина се шират фотографиите од премиерот Никола Груевски како се сонча на плажите во Израел, велат комуниколозите.

Практиката на македонските политичари да не објавуваат каде го поминуваат годишниот одмор, експертите ја анализираат како конфликт којшто произлегува од контрадикторноста меѓу медиумската слика што за нив се создава и она што неконтролирано ќе стигне до јавноста и потоа службите за односи со јавност се обидуваат да го ублажат. Македонските политичари и од власта и од опозицијата популистички го креираат својот имиџ кој е различен од реалниот, велат експертите.

Прикривањето информации, па дури и кога станува збор за приватни планови во сензитивни политички околности во какви што се наоѓаме, не само што ја зголемува љубопитноста кај јавноста, туку и ја подгрева недовербата, а со тоа и шпекулациите, вели Марина Тунева – експерт за односи со јавност.

„Од политичарите не се очекува дење и ноќе да бидат присутни на политичката арена и да не заминат на годишен одмор. Добра пракса би било да ги кажат плановите за заминување на одмор, но истовремено најавувајќи ги своите активности по враќањето. Она што мислам дека е потребно е искрен е искрен и отворен настап кон јавноста, без да се нуди погрешна слика на скромност со цел да се стекне поголема доверба кај граѓаните“, вели Тунева.

Експертите посочуваат дека во развиените демократии политичарите се потранспарентни и однапред објавуваат каде ќе одат на годишен одмор, бидејќи јавноста во нивните земји точно знае колку заработуваат.

„Обично не е некоја пракса да се прикриваат таквите информации. Дури и советниците за односи со јавност на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, кажуваа дека уморниот претседател не е добар за никого и потребно е да се одмори. Значи се испраќа силна политичка порака и затоа е добро сето тоа да биде свртено и во корист на тој што заминал на одмор, и во корист на јавноста“, вели Тунева.

Таа додава дека добриот пиар подразбира искреност во комуникацијата со јавноста, но изнаоѓање на добри аргументи зошто нешто се прави и со која цел.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG