Многу често се случува на дебарскиот зелен пазар да најдете на прв поглед земјоделски производи по пониски цени од оние во другите пазари во земјата, но со манипулациите што ги прават дел од трговците излегува дека на овој пазар цените се многу поскапи.
Имаме констатирано дека мерните единици, или како што ги нарекуваме вагите, дека дел од нив не се баждарени.Рифат Деде, државен инспектор за пазар.
Во контролите кои се извршени на мерните единици – на вагите, се утврдени аномалии во нивната точност. Во повеќе случаи е утврдено дека мерните единици не се баждарени.
„За време на спроведување на нашите контроли имаме констатирано дека мерните единици, или како што ги нарекуваме вагите, дека дел од нив не се баждарени. Во тој однос имаме преземено законски мерки. Потоа судот има и право да го одземе мерилото и нормално да изрече казни. Сепак, треба да се нагласи дека најмногу манипулации и изречено казни за тоа се изречени на зелениот пазар каде се констатирани манипулации, така што потоа се изречени и казните“, вели државниот инспектор за пазар Рифат Деде.
Проблемите кои ги создаваат трговците на зелениот пазар во Дебар, над 90 отсто ги создаваат трговци кои не се од Дебар. Тука делува многу и фактот што Дебар е мал град и сите се познаваат.Рифат Деде, државен инспектор за пазар.
Тој истакнува дека претежно овие малверзации со мерните единици се регистрирани на зелениот пазар и таквите незаконски активности ги имаат реализирано трговци кои продаваат производи во Дебар, но не се од Дебар. Помеѓу трговците и земјоделците од Дебар не се забележани манипулации со мерните единици.
„Проблемите кои ги создаваат трговците на зелениот пазар во Дебар, над 90 отсто ги создаваат трговци кои не се од Дебар. Тука делува многу и фактот што Дебар е мал град и сите се познаваат. Проблемите со мерните единици најчесто се евидентирани со трговците од Скопје, Струмица и други градови од земјава. Инаку, казните се мошне високи за ваквите манипулации и тие изнесуваат од 500 евра за физички лица и 3 до 5 илјади евра за правно лице.
Што се однесува до контролите што се извршени во трговската мрежа, не се забележани пропусти во однос на тежината на пакуваните производи.