Достапни линкови

Талески: Најважно ми е делата да се иницијатива за дијалог


„Идејни решенија за спомен бележја“ е насловена самостојната изложба на Иванчо Талевски, што од 14 до 24 јули се одржува во галерискиот простор Магаза во Битола. Станува збор за колекција на цртежи, графики, слики и скулптури, кои функционираат како архив на реакции кон проблемите и феномените за кои размислува и се труди да ги разбере уметникот, а кои претходно во различни амбиенти ги виде и ликовната публика во Берлин и потоа во Брисел.

„Идејни решенија за спомен бележја“ е колекција на цртежи, графики, слики и скулптури, кои функционираат како архив на реакции кон проблеми и феномени за кои секојдневно размислувам и се трудам да ги разберам. Со самата иницијатива за споменично одбележување на безмислени човечки одлуки и начини на пристап кон нештата, само ја потврдувам нивната апсурдност. Оваа идеја е поврзана со честата одлика на центрите на моќ кои практикуваат активно декорирање, орнаментирање и позлатување на својата дисфункција со цел да ја прикријат, а и воедно што повеќе да ја заслепат заедницата со која раководат.

Идејата за „Идејни решенија за спомен бележја“ на еден начин ми дозволува и е платформа каде што можам на иновативен начин да работам со сликарството, цртежот и графиката, да реагирам кон теми каде што на некој начин гледам проблем, сами по себе се загонетни или во некоја рака културолошки или историски проблеми.
Иванчо Талески, уметник.

Ова во текстот за својата актуелна изложба ќе го забележи Иванчо Талевски, уметникот кој од својата 16-та година се едуцира, живее и твори на релација Македонија – САД. Многупати наградуван со врвни ликовни награди и признанија, тој по пролетната постановка во берлинскиот Прима центар, потем онаа во Галеријата Н18 во Брисел, наново доаѓа во родниот крај за да на овдешната публика и дари дел од сопствените творечки немири.

Во натамошната експликација за понудата вели дека изворот и почетокот за таканаречените „идејни решенија“ се едноставните и краткотрајни мали цртежи и скици, на кои започнал да работи секојдневно по неговото претходно враќање во Филаделфија. Дополнува дека делата опфаќаат теми со опсег од банални незадоволства до значајни неправди и дека наедно тие се поврзуваат со неговата долготрајна фасцинација со описот на ликот од поемата „Богот на војната“ од Бертхолд Брехт.

Мене како уметник најважно ми е делата да се иницијатива за дијалог. За работи кој што се проблематични. Дали се тоа темите кои што ги обработувам, историски или културиолошки, или начинот на кој што ги обработувам. Самиот пристап – дали е тоа сликарството, графиката или цртежот, материјалот и конечно презентацијата на нештата.
Иванчо Талески, ументик.

„Идејата за „Идејни решенија за спомен бележја“ на еден начин ми дозволува и е платформа каде што можам на иновативен начин да работам со сликарството, цртежот и графиката, да реагирам кон теми каде што на некој начин гледам проблем, сами по себе се загонетни или во некоја рака културолошки или историски проблеми.“

Талевски не заборава да спомене дека иако инспирацијата тргнува од локалните теми и проблеми како на пример Банкротот на школскиот систем во Филаделфија, Заложничката кредитна криза во САД ...или проектот „Скопје 2014“ и други, сепак неговите пораки се универзални. Притоа, како што вели, нему најважно му е делата да бидат иницијатива за дијалог.

„Мене како уметник најважно ми е делата да се иницијатива за дијалог. За работи кој што се проблематични. Дали се тоа темите кои што ги обработувам, историски или културиолошки, или начинот на кој што ги обработувам. Самиот пристап – дали е тоа сликарството, графиката или цртежот, материјалот и конечно презентацијата на нештата.“

Говорејќи, пак, за неговата силна потреба да биде присутен на различни меридијани уметникот вели дека тоа бара многу енергија и посветеност, но дека тој поинаку не умее. Дека тоа е неговиот живот во кој тој трага по различните дијалози.

„Дефинитивно е потребна огромна посветеност која ги жртвува другите аспекти од мојот живот, но тоа ми е приоритетот и не гледам друг начин на функционирање за мене. А причината зошто сум активен и тука, на други места во Европа или пак во САД е затоа што секое место нуди можности за различен дијалог.“

Во контекст на ова, Иванчо истакнува дека често се случува луѓето да изнесуваат различни гледишта за нештата за кои понекогаш тој самиот воопшто и да не размислувал.

„Особено ми е значајно нештото само по себе да е поврзаност или можност за поврзаност да разговараме за работи за кои мислам дека се важни во светот – и во светот на сликарството, на уметноста, и за тоа каде оди светот во однос на темите што ги обработувам.“

Во однос на процесот на работа Иванчо Талевски истакнува дека тој има неколку правци на делување и дека тие паралелно коегзистираат. Додека е посветен на една дадена постановка, тој веќе размислува како другата да се подобри и така со ред. Дури вели дека упорно е насочен да не ги самоповторува нештата. Од таму и фактот што иако со даден одбир на дела, ниту една од последните три изложби – онаа во Берлин, па во Брисел и оваа во Битола не биле исти.

„Секоја изложба е различна. Одредени моменти се повторуваат, но сепак се* функционира различно зависно од просторот со кој работам. Многу ми е важен просторот, неговите можности, големината на нештата...Секој простор е различен предизвик и навистина би било жалосно ако дојдам во некоја галерија и само ги закачам делата како што сум ги замислил во моето атеље. Пробувам на некој начин да го тестирам сопственото чувство. Затоа секоја една од овие три изложби летово беа големи предизвици за мене и, се разбира, огромни искушенија низ кои што поминав. Различни беа и луѓето со кои што соработував и сето ова некако ќе помине низ мене за да потем се исфилтрира и стекнам нови сознанија како врз овие искуства ги подобрам нештата, како утре да имам поубава и покорисна комуникација со гледачот.“

Кон ова само уште информациите дека Иванчо Талески, во ноември годинава го чека групна изложба во Филаделфија, а потем во февруари наредната година со своите дела ќе патува во Њујорк каде ќе изложува рамо до рамо со неколку големи американски творци за кои вели дека се „веќе влезени во историјата на современата уметност“.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG